Кој вади документи од истрага?

Ајмо народе, исказот на Кичеец на продажба!

Исказот даден пред Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на второсомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски-Кичеец се нуди на продажба. Ваква понуда добил бранителот на Бојан Јовановски-Боки 13, првосомничениот во овој случај преку анонимен телефонски повик.

Адвокатот на Зоран Милевски-Кичеец, за ТВ Телма изјави дека тој не земал примерок од исказот на неговиот клиент. 

Јавното обвинителство и судот и натаму водат интерна истрага како искази на сведоци и на осомничени се појавуваат во јавноста. А сега веќе и на продажба. Адвокатот оваа понуда ја пријавил кај надлежен обвинител.

Обвинителството сѐ уште работи на истрагата како сведочењето на пријавителот на аферата „Рекет“ Орце Камчев заврши во порталот „Инфомакс“ за што одгворното лице за објавувањето заработи обвинение за откривање на службена тајна. 

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе