Лидерот на ДУИ сведок во суд

Ахмети: ДУИ плати висока цена за „Монструм“, нѐ обвинуваа дека сме поврзани, а сакаме да се расветли случајот

Побаравме повторување на случајот „Монструм“ затоа што судовите и обвинителството беа многу ранливи и целата јавност беше во необјаснета ситуација вклучително и семејствата кои ги изгубија своите во овој трагичен настан, но и тие што беа осудени, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети по сведочењето за случајот „Монструм“.

Во судница Ахмети посочи дека доказите треба да бидат уверливи и дека ако не е така еден трагичен настан може да повлече и други настани.

„Побаравме повторување на овој процес, повторно судење затоа што судовите и обвинителството беа многу чувствителни, ранливи и целата јавност беше во необјаснета ситуација, вклучително и семејствата кои ги загубија своите блиски во овој трагичен настан, но и тие што беа осудени. И ние силно баравме ова судење да се повтори со докази со меѓународно мониторирање. Тоа го побаравме и од Брисел и од Вашингтон, овој процес да се мониторира. Брисел и Вашингтон ни рекоа дека веруваат во мониторирањето на ОБСЕ. Пред сѐ, ние сакавме вистината да излезе на виделина и да триумфира правдата, само така можат да најдат мир тие кои ги загубија своите најмили, но и не со услов да се инструментализира еден виновен туку тој што го има сторено делото и да одговара, да нема селективна правда. Ваквите случаи нас не примораа да размислуваме за ветинг во судството“, рече Ахмети.

Тој посочи дека не може да суди дали обвинетите се виновни или не.

„Ние очекуваме судските власти да го разрешат и расветлат случајот. Ние како политичка партија плативме висока цена, сите нѐ обвинуваа дека ние сме поврзани со случајот, нема никој друг кој повеќе од нас сака да се расветли овој случај затоа што политичката цена ја плаќаме ние“, рече Ахмети.

К.Д.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе