Се води како бегалец

Агим Красниќи бил на викенд и не се вратил во штипскиот затвор

Осуденикот Агим Красниќи откако вчера не се пријавил во затвор Штип по викенд отсуството и официјално се води како бегалец.

Директорот на затворот Мики Тодоров за МИА изјавил дека сите институции се известени, Управата за извршување санкции, судот и полицијата, по што и официјално  Красниќи сега се води како бегалец.

Според Тодоров, изминатите години Красниќи користел викенд отсуства и секогаш се враќал во затворот во Штип на издржување на казната. Немале никакви индиции дека Красниќи по ова викенд отсуство нема да се врати во затвор Штип.

Красниќи има единствена казна затвор од 15 години и ја издржува од 2008 година, тоа значи дека тој има издржано веќе 13 години казна затвор, а остануваат уште две. Осуден за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе