Поради коронавирусот

Адвокатската комора бара одложување на судските рочишта, освен на итните

Одложување на сите судски рочишта, освен итните постапки, предметите со времени мерки и притворските предмети, бара Адвокатската комора поради состојбата со коронавирусот.

Во барањето адресирано до премиерот Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Десковска, претседателот на Врховниот суд Фаук Арслани и министерот за здраство Венко Филипче, од Адвокатската комора се наведува дека брои околу 5.000 членови – адвокати, адвокатски стручни соработници и адвокатски приправници, кои секојдневно вршејќи ги своите работни ангажмани, се движат со голема динамика, и тоа во судовите, јавни обвинителства, казнено поправни устанво и други државни институции и центри.

Во текот на дневното работење, пред судовите се закажани огромен број на рочишта по разни предмети посебно во граѓанските судови, што изнесува околу 1000 судења на ден. Конкретно, според податоците објавени само на веб страната на Основниот граѓански суд Скопје, за ден 16.03.2020 година за период од 8:30 до 10:30 часот се закажани 100 рочишта. Тоа значи дека само за наведениот период од 2 часа во Основниот граѓански суд Скопје циркулираат најмалку 500 лица (адвокати, судии, записничари, стрнаки, сведоци и други). Имајќи го предивд наведеното, очигледно е дека во текот на денот на територијата на државата се одржуваат илјадници судења, на коишто присуствуваат повеќе од илјада лица кои се во меѓусебен контакт, се вели воарањето од Адвокатската комора.

Ситуацијата е безмалку иста и во кривичните судови, од причина што и таму има предмети со повеќе обвинети, повеќе бранители и повеќе сведоци. Вообичаено, според карактерот на судењата, истите траат подолго.

Посебен проблем претставуваат контактите со притворените лица, особено при доведување на притворените лица и нивен контакт со другите учесници во кривичните постпаки. Ваквата ситуација доведува до голема опасност да корона вирусот се рашири и во казнено поперавните установи, кое нешто сметам дека би претставувало голема опасност, дотолку повеќе што лицата кои издржуваат казна затвор во КПУ немаат соодветен лекарски третман за ваков вид на боелсти, стои во соопштението.

Исткануваат дека адвокатите за обавување на својата дејност се движат надвор од градовите каде што живеат, и притоа стапуваат во контакт со голем број на луѓе државјани на РСМ или странци.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе