По објавеното видео на Фејсбук

Адвокатската канцеларија Ваневски од Скопје ѝ нуди бесплатна правна помош на девојката тепана од насилниците од Штип

Адвокатската канцеларија Ваневски од Скопје и нуди бесплатна правна помош на оштетената девојка која беше снимана и објавена додека двајца насилници од Штип ја малтретираат. Откако беше објавено ова видео со вознемирувачка содржина на Фејсбук, експресно реагираа и МВР И Обвинителството и овие лица беа приведени. 

Во борбата против насилството врз девојката се вклучи и адвокатот Бојан Ваневски кој на Фејсбук испрати апел дека нуди бесплатна правна помош и правна заштита на оштетената и апелира доколку некој ја познава да ја упати за контакт.

„На нападнатото девојче и нудиме бесплатна правна помош односно застапување во судска постапка со приклучување на кривично гонење и да и се исплати надомест на штета. Доколку некој ја познава нека ја упати да не контактира“, напиша адвокатот Ваневски на Фејсбук. 

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе