Адвокатот на Ќосето: Зарем сметате дека е терорист, човек што со својот живот го бранел уставниот поредок

Обвинителството не само што не го докажа обвинението туку сите посведочивме дека лицето Горанчо Ангелов за ништо не е виновно. Во неговото дејствување нема ниту едно дејство со кое би се направило терористичко загрозување на уставниот поредок и поради тоа, од овој суд барам правда и слобода за мојот штитеник, односно ослободителна пресуда, која би била и единствена исправна за случајот, рече адвокатот на Горанчо Ангелов – Ќосето, Драган Пешевски, во завршните зборови на денешното рочиште за случувањата од 27 април 2017 година.

Адвокатот на Горанчо Ангелов – Ќосето, Драган Пешевски истакна дека целта на обвинетите не била да го спречат изборот на нов претседател на Собранието бидејќи воопшто не знаеле дека тоа се планира. Според него, обвинетите решиле да преземат дејства бидејќи слушнале дека во парламентот се пее албанската химна, пренесува Новинската агенција Макфакс.

„Овој човек до мене, Горанчо Ангелов, во своите средни години, не е осудуван, татко е на 3 деца, од кои 2 малолетни, човек што со својот живот го бранел уставниот поредок на РМ, сметате ли дека е терорист. Во обвинението стои дека целта била спречување избор за претседател на Собранието. Како може тоа да е вистина кога толпата не знаела дека тоа ќе се случува внатре. Како и да е, јасно е дека изборот за претседател не беше спречен“, изјави Пешевски.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе