Одбраната контра обвинителката во „Рекет“

Адвокатот на Боки 13 тврди дека чантата „Луи Витон“ била вратена кај Камчев

Фотографија од чантата „Луј Витон“ во случајот „Рекет" во домот на родителите на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во Кривичниот суд Скопје, предизвика големи реакција од страна на одбраната на овој обвинет кој сметат дека јавниот обвинител, во завршни зборови пробува на мала врата да доставува доказ.

Бранителот на Боки 13, адвокат Сашо Дуковски во изјава за медиумите по завршување на денешното рочиште за „Рекет", рече дека е незаконски да се вадат само извадоци од 21 февруари, а не од 22 февруари, кога обвинетиот Бојан тврди дека е вратена чантата „Луј Витон“ во куќата на сведокот Јордан Камчев.

Оваа реакција ја прифати и Судот, а обвинителката Вилма Рускоска, истакна дека овој материјал не треба да се земе како доказ.

Целта на прикажување на овој доказ според обвинителката Рускоска, е да се докаже дека не е точно тврдењето на обвинетиот Бојан Јовановски, дека со веќе осудениот Зоран Милевски, на 21 или 22 февруари 2019, торбата „Луј Витон“ ја враќа во куќата на сведокот Јордан Камчев.

„Тие заедно доаѓаат во куќата на Јордан Камчев, и сега осудениот Зоран Милевски, носи црна чанта, со големи рачки, која и по изглед и поголемина многу се разликува од торбата “Луј Витон“. По повторно прегледување на сите снимики на 22 и 23 февруари ниту Зоран Милевски, ниту Бојан Јовановски одат во домот на Јордан Камчев. Оваа е сигурно. Не може одбраната да негира нешто што е извештачено. До фотографијата имаше вештачење од точна локација каде е направена фотографијата“, изјави Рускоска.

 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе