Одбраната ќе бара куќен притвор

Адвокатот Миланов предупредува за здравствената состојба на Јанакиески

Адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов во изјава по завршување на „Траекторија" рече дека здравствената состојба на ексминистерот кој веќе цела недела ја одбива храната во затворот, се влошува. Адвокатот Миланов вели дека влошената здравствена состојба е еден од условите да побараат мерката притвор да биде преиначена во куќен притвор.

„Премногу информации за неговата здравствена состојба немам бидејќи побаравме од претседателот на судот и од затворскиот лекар да ни бидат доставени информации за здравствената состојба на Миле Јанакиески. Она што неофицијално го имаме како информација, а кое можевте да го видите и во судница е дека неговата состојба почнува да се нарушува. За тоа што ќе се случува понатаму ќе следиме и ќе бидеме во тек. Здравствената состојба е еден од условите за промена на мерката притвор во куќен притвор, но сепак за тоа ќе мора да одлучува Кривичниот совет. Ќе размислиме дали ќе дадеме таков предлог за одлучување до Кривичниот совет, кој во овој момент ни стои на располагање", изјави Миланов.

Поранешниот министер Миле Јанакиески кој се наоѓа во притвор со болки во бубрезите вчера бил однесен на преглед во болницата „8 Септември", а подоцна бил вратен во Шутка.

Јанакиески во Ургентниот центар на болницата бил примен околу 19 часот и веднаш му биле направени лабораториски анализи, ехо преглед, снимање и бил прегедан од лекар. Откако добил терапија, затворската полиција повторно го вратила во затворот во Шутка.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе