Адвокатот Миланов најави жалба на пресудата за „Насилство во Центар“

Адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов не е задоволен од пресудата за случајот „Насилство во Центар" затоа што во завршните зборови бараа ослободителна пресуда, поради што најави дека ќе поднесат жалба. Денес Основниот кривичен суд донесе пресуда со која на Никола Груевски му изрече казна затвот од една и пол година, а Миле Јанакиески и останатите обвинети ги осуди на условни казни. 

„Имајќи предвид дека Миле Јанакиески е прогласен за крив, а одбраната во своите завршни зборови бараше истиот да биде ослободен од обвинението, секако дека не сме задоволни и ќе ги преземеме сите законски средства кога ќе ја добиеме пресудата во писмена форма. Верувам, сто посто со сигурност дека ќе ја обжалам пресудата, иако сето ова го зборувам без да ја направам презентацијата со мојот клиент. Но сметам дека и неговата заложба е да докаже дека овде не е виновени и не ги презел дејствијата кои што му се ставаат на товар. Тоа би значело дека најверојатно ќе пишуваме жалба“, рече адвокатот Миланов по изрекувањето на пресудата за „Насилство во Центар".

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе