Судство

Адвокатот Јанура вели дека Јанева и Рустеми требале да бидат изземени од случајот „Поштенска банка“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителот Бурим Рустеми требале да бидат изземени од случајот „Поштенска банка“. Јанева поради лично одмазништво, а обвинителот Рустеми, кој сега го води случајот, затоа што знаел за инволвираноста на Јанева, а не презел ништо уште во фаза на истрагата како заменик-јавен обвинител во СЈО, тврди адвокатот Петро Јанура, пренесува порталот Академик.мк. Изземање на Рустеми било побарано и во други случаи.

Петро Јанура

Тој смета дека постојат јасни и недвосмислени факти кои укажуваат дека случајот „Поштенска банка“ во делот против неговиот клиент Томе Главчев, сопственик на конфекцијата НОЕЛ Гевгелија, е производ на лично одмаздништво на Катица Јанева.

„Специјалната обвинителка Катица Јанева, во согласност со закон и постоечки принципи во правото, требала да се изземе, односно не смеeла да постапува по овој предмет поради нарушени соседски односи помеѓу семејствата на Јанева и мојот клиент, како и поради постоење граѓански спор во минатото и кривична постапка директно против Катица Јанева и нејзиниот татко за настан поврзан со мајката на мојот клиент.

Во минатото ситуацијата ескалирала до тој степен што на судско рочиште за граѓански спор пред Основниот суд Гевгелија, за нарушено владение, во присуство на мајката на мојот клиент, која била странка, и нејзиниот адвокат, рочиштето било прекинато со интервенција од судската полиција затоа што адвокатот бил физички и вербално нападнат од таткото на Јанева, а потоа на судското рочиште непоканета влегла Јанева и почнала да упатува погрдни зборови.

Поради настанот на судското рочиште, нападнатиот адвокат повел кривична постапка против Јанева и нејзиниот татко, која завршила со пресуда со изречена судска опомена за таткото на Јанева. Против Јанева адвокатот се откажал од водење на постапката. За нештата да бидат уште поинтересни, нападнатиот адвокат, исто така, е обвинет во ’Поштенска банка’ заедно со мојот клиент.

Постоењето на такви случувања во минатото, а особено на меѓучовечки односи влошени до тој степен, укажува на постоење на обврска за изземање на Јанева како специјален обвинител во постапувањето против мојот клиент“, вели адвокатот Јанура.

Против Бурим Рустеми, обвинителот кој сега го води случајот, поднесено е барање за изземање од постапување по овој предмет. Тој како заменик-јавен обвинител во СЈО кој ја водел истрагата, сите претходни околности му биле познати и како лојален соработник на Катица Јанева ништо не презел да ги заштити правата на мојот клиент, што му било законска обврска како обвинител, вели Јанура.

Во врска со случајот „Поштенска банка“ Главчев, сопственикот на НОЕЛ, досега поднел четири жалби пред Европскиот суд за човекови права и сите се прифатени и проследени на понатамошно постапување. Првите три апликации се поднесени во врска со постапувањата на СЈО, а четвртата апликација го вклучува периодот кога предметот ‘Поштенска банка’ беше преземен од СЈО, откога беше притворена специјалната обвинителка Катица Јанева. Направени се бројни повреди на човековите права во рамките на целата истражна постапка, тврди адвокатот Јанура.

„Она што е значајно да се наведе е дека за истите главни дејства за кои се товари мојот клиент во минатото биле поднесени кривични пријави од страна на Народната банка на Р Македонија и од СВР Одделение за економски криминал, при што од страна на Основното јавно обвинителство уште во 2005 година со решение кривичните пријави се отфрлени бидејќи пријавеното дело не е кривично дело кое се гони по службена должност и е утврдено дека со преземените дејства не се оштетени други доверители. Согласно тогашниот Закон за кривичната постапка, што важеше во 2005 година, за подносителите на кривичната пријава, односно Народната банка, постоеше можност да се продолжи гонењето како супсидијарен тужител. Такво нешто не било направено, што значи дека одлуката за отфрлање на кривичните пријави е конечна и правосилна. Она што е особено важно е дека ниту една од повисоките инстанци никогаш нема утврдено неправилности во одлуката на Обвинителството за отфрлање на кривичните пријави.

Бурим Рустеми

Изземање на обвинителот Рустеми бараше и одбраната на обвинетите во случајот ТНТ. Одбраната смета дека Рустеми не може да биде застапник на ова обвинение, бидејќи по негова согласност тогашната специјална обвинителка Катица Јанева го повлекла обвинителниот акт против Адријан Амзоски, зет на Фиат Цаноски. И Одбраната во случајот на СЈО „Топлик” бараше изземање на обвинителот Бурим Рустеми до расчистување на правно-формалната ситуација поврзана со „Рекет” и притворената специјална обвинителка Катица Јанева.

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе