За објавување на интимни фотографии

Адвокатката Котеска го доби судскиот спор за битолската „Јавна соба“, досудена е условна казна

Адвокатката Катерина Котеска доби спор за битолската „Јавна соба“. Адвокатката Котеска истакна дека нејзината клиентка била изложена на срам со јавно објавување на интимни фотографии, за кои според адвокатката, клиентката преживеала голгота, а чинот наместо да се осуди, бил предмет на јавен потсмев. За МКД.мк таа вели дека пресудата е условна, односно дека ако во рок од една години не стори ново кривично дело, обвинетиот нема да помине една година во затвор. 

Котеска нагласи дека обвинетиот ќе биде казнет, а жената ќе добие отштета.

„Докажавме дека никој не смее да ја злоупотребува довербата на никој, дека една ваква злоупотреба на доверба не е причина за пуштање скриншотови во инбокс и пишување по „шестопарачни“ портали, туку е нешто што уништува животи", посочи Котеска.

Годинава во март, четиригодишна казна затвор добија обвинетите Дарко Костовски, основач и администратор на „Јавна соба“ и Михаил Пановски, администратор и модератор на групата.

Судот им пресуди за кривичното дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Ова е единствената пресуда, која беше изречена пред таа за битолската „Јавна соба“. 

Само за двајца што беа дел од „Јавна соба" досега се донесени пресуди. Неправосилните одлуки на првостепениот Основен кривичен суд Скопје се четири години затвор за основачот на групата Дарко Костовски и исто толку за администраторот Михаил Паневски.

Но овие одлуки на Судот се чини дека не носат многу надеж бидејќи се само две, а во групите „Јавна соба 1" и „Јавна соба 2", кои се појавија во јавноста пред две години, има околу 12.100 члена.

Телеграм не му ги дава на Обвинителството податоците за членовите, а тоа практично значи дека на обвинителите им се врзани рацете за отворање предистрага и истрага за овие случаи.

 

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе