Обраќање до власта

Адвокатите се незадоволни од „дискриминирачкото постапување на Кривичниот суд“

74 адвокати се потпишани на известувањето до сите македонски судови, власта и амбасадите за вршење на дискриминација во однос на останатите граѓани во услови на постоење на вонредна состојба и непостапување согласно здравствените прописи и одлуките на Владата за време на епидемија, од страна на основниот Кривичен суд Скопје. Тие предлагаат мерки за понатамошниот тек на судењата.

Во овие моменти кога во Македонија е прогласена вонредна состојба и сечие движење и комуникација се доведени до минимум со цел спречување на ширење на коронавирусот и превенирање на какви било несакани последици, чувствуваме должност да ве известиме за противправното и дискриминирачко постапување на Кривичниот суд Скопје, велат адвокатите.

„Ризикот по животот на сите присутни во судниците на Кривичниот суд во Скопје е неизбежен и директен и во овие моменти здравјето на граѓаните треба да биде пред сѐ, заради што бараме само да се постапува согласно препораките на Владата и според здравствени прописи за време на епидемија од страна на судот. Поради тоа ги предлагаме следниве дополнители мерки:

1. Сите постапки во судовите привремено да се прекинат, а единствено да се држат рочишта каде по барање на надлежен обвинител треба да се одлучи за определување на мерка притвор, како и за оние случаи каде е утврдена кривична одговорност поради повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот за кои се постапува по казнен налог за што одлуките се носат без присуство на странките;

2. За предметите за кои ќе настане времен прекин во судењето, да се донесе уредба со законска сила која ќе го прекине течењето на роковите со тоа што нема да може да настане застареност на предметите или други негативни реперкусии, вклучително и со протек на 90 дена да не мора главната расправа да почне одново, а ниту сите докази да се изведуваат повторно, туку истата да продолжи како да немало прекин.

3. По завршување на секое рочиште да се врши соодветна дезинфекција на салите каде ќе се одвива судско рочиште, да се дезинфицираат лифтовите и сите простории во кои ќе се движат странки, вклучително рачките на вратите и други површини кои често се изложени на допир на повеќе лица, како и да се мери температура на сите лица кои влегуваат во судот од службениот и сите неслужбени влезови;

4. Министерството за правда или судовите за секое лице кое ќе влези во судот да обезбедат заштитна маска и нараквици, со оглед дека мерките на Владата не се однесуваат само на заболените лица туку и за тие кои не се заболени, кои се обврзани да следат соодветен начин на водење на комуникација, движење и престој во одредени простории; и

Неопходно е итно да се преземат дополнителни мерки и да се донесат соодветни одлуки, во спротивно се остварува законското битие на кривичното дело против здравјето на луѓето, пренесување на заразни болести или непостапување според

здраствените прописи за време на епидемија т.е прогласена вондредна состојба на територија на нашата држава“.

Потписници на ова барање се:

1. адвокат Атанасовска Нина

2. адвокат Ахмети Башким

3. адвокат Ајдари Имери-Арта

4. адвокат Арсовска Благица

5. адвокат Апостолски Антонио

6. адвокат Арслани Мефаил

7. адвокат Алексиќ Сања

8. адвокат Бадева-Ќортошева Надица

9. адвокат Богоевиќ Ивана

10. адвокат Вела Ибрахим

11. адвокат Василев Петар

12. адвокат Варела Александар

13. адвокат Велкова Љупка

14. адвокат Вујич Смиљана

15. адвокат Димитар Дангов

16. адвокат Давидовиќ Звонко

17. адвокат Даути Мерџан

18. адвокат Златко Ѓорѓиев

19. адвокат Деноковска Златка

20. адвокат Деспотоска Весна

21. адвокат Дуковски Сашко

22. адвокат Зенку Вулнет

23. адвокат Зефиќ Павлина

24. адвокат Зиков Стерјо

25. адвокат Илија Илијовски

26. адвокат Јусуфи Махмут

27. адвокат Јанковски Душко

28. адвокат Јанев Сашо

29. адвокат Јандриоска Биљана

30. адвокат Јацимович Лидија

31. адвокат Кацарковска Биљана

32. адвокат Кецман Маја

33. адвокат Сашо Лажовски

34. адвокат Лазов Дане

35. адвокат Мехмети Арсим

36. адвокат Маневска Кристина

37. адвокат Менкиновски Тони

38. адвокат Мијовиќ Дијана

39. адвокат Мицкова Емилија

40. адвокат Миланов Еленко

41. адвокат Миланова Бранкица

42. адвокат Муратовски Дарко

43. адвокат Муса Рамије

44. адвокат Наков Донче

45. адвокат Наумовска Флора

46. адвокат Николиќ Вања

47. адвокат Петровски Миле

48. адвокат Петровски Александар

49. адвокат Панчев Сашко

50. адвокат Постолова Тодосиевски Марија

51. адвокат Петкова Катерина

52. адвокат Ристоски Велковска Христина

53. адвокат Ристевски Звонко

54. адвокат Реброња Радончиќ Емина

55. адвокат Сулоја Вулнет

56. адвокат Страшевски Јовица

57. адвокат Сарковски Томислав

58. адвокат Тасевски Боро

59. адвокат Ташкова Дијана

60. адвокат Тодоровски Илин

61. адвокат Тошковски Панче

62. адвокат Трајанов Милан

63. адвокат Трпковска Даница

64. адвокат Тасева Александра

65. адвокат Трпеноска Наташа

66. адвокат Фазлиу Исмаил

67. адвокат Хикмете Халиди

68. адвокат Христовска Марија

69. адвокат Хисмани Дрион

70. адвокат Цветковски Виктор

71. адвокат Љупчо Шврговски

72. адвокат Шулевска Марија

73. адвокат Шаревска Ана

74. адвокат Шпеткова Богеска Емилија

 

 

 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе