„Ќе поднесеме жалба“

Адвокатите на Јанева разочарани од пресудата: Казната е превисока

Како одбрана на Катица Јанева разочарани сме од пресудата и казните кои ги слушнавме. Сметаме дека апсолутно е превисока казната, изјави адвокатката Ирена Фрчкоска, по објавата на пресудата за случајот „Рекет“.

Според неа, Судот во својот вовед кажа дека со оваа пресуда сака да се врати довербата во правосудството, но тие како одбрана сметаат дека со вакви пресуди не се враќа довербата.

„Напротив, сметаме дека судот треба да суди врз основа на докази. А во конкретниот случај, докази дека Катица Јанева го сторила кривичното дело за кое денеска е осудена не постојат. Целата јавност беше сведок дека за Катица Јанева обвинителството не достави никакви докази“, изјави Фрчкоска.

Таа најави дека ќе се жалат и ќе поднесат жалба до повисоките судови.

„Се надеваме дека повисоките судови ќе имаат поголем сенс за правда и правичност, за носење на одлуки кои се базираат на докази. Ќе се бориме до крај како одбрана и пред домашните и пред сите меѓународни судови“, најави Фрчковска.

Адвокатот Дељо Кадиев, рече дека и понатаму стојат на тоа дека не постоел ниту еден доказ за вината на Катица Јанева.

„Ќе поднесеме жалба. Ќе видиме прво образложението какво ќе биде. Навистина, во овој момент, не можам ниту да претпоставам кое ќе биде образложението на судот со кое го прифати во целост фактичкиот опис на кривичното дело во диспозитивниот дел на обвинението. Апсолутно немаше доказ за ништо од тоа“, изјави Кадиев.

Судот денеска ја прогласи Катица Јанева за виновна во случајот „Рекет“ и ѝ изрече затворска казна од седум години. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе