петок, 26 април 2024
32 години од македонското монетарно осамостојување

Давчев: Денарот е стабилна валута која помина низа препреки во минатото

Македонскиот денар слави 32 години. По тој повод  на Екомонскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев – Штип денеска се одржа предавање на кое студентите можеа да се запознаат со почетоците на македонскиот денар и неговата стабилност како платежна валута. Универзитетскиот професор на Економскиот факултет во Штип, Љупче Давчев вели дека денарот е стабилна валута, која поминала низа препреки во минатото.

Објавено на

часот

Сподели

„Денот на денарот е денот на македонското монетарно осамостојување и ја воведуваме единицата денар за основна платежна валута во Македонија. Денарот повеќе години ја држи својата стабилност и помина повеќе препреки во кои остана стабилен како валута. Монетарната власт е една од најстабилните институции во областа на финансиите, која ја одржува стабилноста на денарот, а преку тоа и стабилноста на целокупната економија во државата“, рече Давчев.

Студентите денеска  имаа можност да проследат презентации од преставници од банки, со цел да се запознаат со професијата банкар. Големиот број на банки во државата е една од причините поради што и  расте интересот кај младите за изучување на професијата банкар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ