Побара разрешување, сега треба да плати

Адвокат доби казна од 2.000 евра за статус на Фејсбук со содржина: „Сваровски судија Лаличиќ, дно од судија“

Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое му изрече на адвокатот Асмир Алиспајиќ казна од 2.000 евра бидејќи на социјалните мрежи објавил статус во кој ја споменува судијката Софија Лаличиќ нарекувајќи ја „дно од судија". Револтот на адвокатот Алиспајиќ следува поради, како што вели, незаконско постапување на судијката во текот на судска постапка за разбојништво во која тој бил бранител.

„Се казнува бранителот на обвинетиот, адвокат Асмир Алиспајиќ од Скопје со парична казна од 2.000 евра. Паричната казна адвокатот е должен да ја плати во рок од 30 дена од правосилност на пресудата", се вели во решението на судот.

Адвокатот Алиспајиќ во изјава за МКД.мк вели дека ваквата одлука е скандалозна. 

„Ваквата одлука е скандалозна и противзаконска. Неетична е и зачудувачка посебно во делот на образложението. Согласно Законот за судски совет постои основ за сторена груба грешка во вршење на професијата судија со несовесно, нестручно постапување што е основа за разрешување на судија“, изјави бранителот Алиспајиќ. 

Во образложението на судот стои дека на закажаните рочишта адвокатот неколку пати бил опоменат за несоодветно однесување. На 4 септември, 2019 рочиштето продолжило со поставен бранител по службена должност, бидејќи избраниот бранител адвокатот Алиспајиќ не се појавил на главната расправа и не го оправдал своето отсуство, па судот назначил нов адвокат. Обвинетиот во меѓувреме изјавил дека го откажува полномошното на својот адвокат и за нов бранител го назначува Ибраим Бајрами, стои во образложението на донесеното решение.

На 4 септември адвокатот Алиспајиќ на својот Фејсбук профил ја објавил следната содржина: „Сваровски Софија Лаличиќ, дно од судија. Под итно разрешување".

Со ваквата , според решението адвокатот го навредил судот.

Судијката Лаличиќ во јавноста е позната по „бомбите“ во кои има разговори со поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. 

 К.Д.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе