11 месеци по пресудата за „Рекет“, Апелација ќе ги разгледува жалбите на Јанева и Боки 13

Апелацискиот суд во Скопје денеска на седница треба да ги рагледа жалбите за првостепената пресуда за случајот „Рекет“ со која Бојан Јовановски – Боки 13 е осуден на девет, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на седум години затвор.

Двајцата неправосилно осудени се наоѓаат во домашен притвор. На Јовановски паралелно му се суди и во случајот „Меѓународен сојуз“ каде е првообвинет. Јанева, мерката домашен притвор ја издржува во Гевгелија, како што побара лани во септември.

По денешната седница, Апелација ќе треба да се произнесе за предметот односно може да ја потврди пресудата, да ја преиначи или да го врати предметот на повторно судење.

Предметот се наоѓаше на разгледување во Вишото обвинителството кое е надлежно да постапува пред второстепените судови, од каде го разгледале и вратиле, а своето мислење за пресудата надлежниот виш обвинител ќе го каже на јавната седница.

Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори во јули, а судењето почна во ноември 2019 година. Обвинението беше поднесено против три лица.

Со нив, за примање награда за противзаконито влијание, беше обвинет и Зоран Милески – Кичеец, но тој уште на првото рочиште во декември 2019 призна вина и доби затворска казна од 3 години затвор. Таа е правосилна и од октомври лани тој ја издржува во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга.

Другите двајца обвинети Јовановски и Јанева, се изјаснија дека се невини и против нив се водеше судска постапка во Основниот кривичен суд – Скопје во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството.

Пресудата со која Јовановски доби девет, а Јанева седум години затвор беше изречена на 18 јуни 2020 година.

 

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе