Судство

На денешното рочиште за случајот „Титаник“ на СЈО сведочеше полицаецот Агрон Кранлиевски вработен во полициска станица во Ресен кој раскажуваше како жители од Пустец, Албанија, се нашле на избирачкиот список за изборите во 2013 година, а не живееле во Ресен. Тој сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на лица на неколку адреси во градот и утврдил дека лицата ги нема на адресите.

14 Ноември 2019 - 12:14

Исчезнат, избеган, киднапиран, осуден, ослободен...Таман ќе го подзаборавиме, ете го пак. Поранешниот премиер Никола Груевски, сакал или не, во континуитет е присутен во медиумите. Пред неколку дена потсетивме дека поминува една година од бегството на Груевски, а денес сакајќи да потсетиме дека на 13 ноември, 2018 година тој се јави на социјалните мрежи од Будимпешта, судот не потсети дека за случајот „Траекторија" Груевски нема да мине ниту ден во затвор. 

13 Ноември 2019 - 13:23

Настапила апсолутна застареност за гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија" за кинеските автопат, констатираше денес судијата во овој предмет. Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе ги плати државата, односно како што беше нагласено на рочиштето, трошоците ќе паднат на товар на Буџетот. 

13 Ноември 2019 - 11:03

На 3 декември поранешната специјална обвинителката Катица Јанева, заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски ќе влезат во судница за случајот „Рекет“. Предметото е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска - Масевска. 

13 Ноември 2019 - 10:33

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Ласкарци", „Траекторија" и „Транспортер".

13 Ноември 2019 - 08:16

Обвинителката Лиле Стефанова од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција даде негативно мислење за на осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделевски да им биде издаден нов времен пасош, потврдуваат за МКД.мк од Обвинителството. Ова значи дека Стефанова не се согласува овие двајца осомничени во постапката за „Империја“ да можат да добијат можност легално да ја напуштат државава. 

12 Ноември 2019 - 14:45

Премиерот Зоран Заев денес беше во Основиот кривичен  суд во Скопје како сведок за настаните за 27 април во Собранието, од 2017 година. Овој пат Заев беше во суд да сведочи во постапка во која по обвинителен предлог му се суди на обвинетиот Илија Петрушевски, вработен во државна служба, во затворот во Идризово. Тој на тоа место работел и во времето на насилството во Собранието, а работи и сега.

11 Ноември 2019 - 14:43

Денешното рочиште за случајот „Монструм" се одложи поради отсуство на еден од поротниците кој имал смртен случај. Судењето требаше да продолжи со изведувањето на СМС пораки и транскрипти од прислушувани разговори, а кои се однесуваат на петкратното убиство што се случи кај Смилковското Езеро.

11 Ноември 2019 - 12:37

Сведок на обвинителството што работел како возач во Дурмо турс на релацијата Гостивар-Скопје, на денешното рочиште за автобуската несреќата кај Ласкарци, беше сослушан како „непријателски сведок" откако кажа дека не е точен неговиот исказ во обвинителството и оти не се сеќава дека кажал декаи во автобусот имало уред за манипулација на тахографот.

11 Ноември 2019 - 12:09

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, за што обвинети се шест лица.

11 Ноември 2019 - 08:09

Оваа година има енормно зголемување од над 50 отсто на бројот на поплаки за дискриминација или поточно за вознемирување на работното место, поради разни основи. Граѓаните и годинава најмногу се жалеле на работата на судската власт, вели народниот правобранител Иџет Мемети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

10 Ноември 2019 - 13:36

Излеаната течност во ОХИС е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста, соопшти вечерва Министерсвото за животна средина и просторно планирање, информирајќи ја јавноста дека состојбата  во фабриката е под контрола и дека нема место за паника.

08 Ноември 2019 - 21:57

Основниот кривичен суд во Скопје го прифати обвинителниот акт за случајот „Рекет" во кој осомничени се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски, а кој го поднесе обвинителката Вилма Русковска. Од судот соопштуваат дека откако ќе биде оформен предмет, тој ќе биде распореден кај судија за натамошно постапување.

08 Ноември 2019 - 14:29

По опомената до пратеникот Илија Димовски, јавна опомена од судијата Осман Шабани доби и поранешната заменичка за правда, Билјана Бришковска Бошковска. На денешното рочиште за случајот „Титаник“ додека траеше испитувањето на сведоците предложени од обвинителката Лиле Стефонова, Бришкоска од место дополнуваше еден од адвокатите кој поставуваше прaшање, на што доби опомена од судијата Шабани дека ако каже уште едeн збор ќе седи во ходник. 

08 Ноември 2019 - 12:16

Иднината на истражниот центар, вработените, опремата и се што е поврзано со функционирањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите треба да се реши со нови одредби кои треба да се донесат од надлежен орган, велат од Обвинителството. Од таму посочуваат дека Јавното обвинителство Скопје нема надлежност за овие прашања. 

06 Ноември 2019 - 12:40

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе