ПО ДОСТАВЕНИТЕ БАРАЊА ОД СЈО

Судот ќе одлучува за предложените мерки и ќе ги повика на распит Груевски и Јанакиески

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бивш премиер Никола Груевски, бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски се дел од лицата кои ќе бидат повикани на распит во суд. Тие по поништување на одлуката за аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов повторно се најдоа на листата на осомничени на СЈО, од каде вчера до Основниот суд Скопје 1 – Скопје доставија 5 предлози за определување мерки за обезбедување присуство. 

„Сите предлози се распоредени кај судии на претходна постапка кои во текот на денешниот ден ќе постапуваат по наведените предлози, а лицата ќе бидат повикани веднаш да се јават во судот. Со оглед дека лицата за кои од СЈО е предложена мерка притвор не се обезбедени на друг начин, судот ќе ги примени одредбите од ЗКП, а согласно досегашната пракса на постапување по предмети во изминатиот период“, соопштуваат од Основен суд Скопје 1 – Скопје. 

СЈО вчера достави предлог за определување мерка притвор за Горан Грујоски, директорот на т.н. Петта управа, како и предлог за мерка за претпазливост за бившата министерка Гордана Јанкуловска и уште три лица, кои се однесуваат на предметот „Тврдина“.

За градоначалникот на Битола, Владимир Талески е предложен притвор. Тој се сомничи за финансиски злоупотреби со превозот за случајот „Транспортер“, 

За Груевски, Јанакиески и Трајковски е предложена мерка за претпазливост. Односно, одземање на пасошот, ограничување движењето или обврска да се јавуваат во Судот. Тие се осомничени во случајот „ТНТ“, преку кој, како што кажаа од СЈО, е поставена криминална спрега на релација централна власт - локална власт.

Според прес-конференцијата на СЈО од 21 март, екс премиерот и екс министерот го поттикнале градоначалникот на Гази Баба да го сруши комплексот „Космос“, сопственост на Фијат Цаноски, претседател на Партијата за Европска Иднина (ПЕИ). Како што претходно рекоа обвинителките, рушењето било направено најгрубо и со умисла, злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања, а од одмазднички причини, само затоа што некој имал поинаква политичка определба. За Груевски, Јанакиески и Трајковски од претседателот Иванов беше донесена, а два месеци потоа повлечена одлуката за нивно помилување.

Од СЈО се побарани мерки за претпазливост и за шест лица од предметот „Тортура“, кој го третира начинот на апсење на Љубе Бошковски, ден по изборите во 2011 година. Меѓу осомничените лица е и Ивица Анчевски-Пуки, командантот на единицата Алфи во МВР.

„Предлог за определување мерки за претпазливост за 6 лица и тоа И.А., Н.С., Ф.А., П.М., Ј.Б. и М.Ш. во однос на предметот на СЈО во јавноста познат како „Тортура“, за кој Кривичниот совет, по претходно поднесен предлог за истите лица, на 08.06.2016 година донесе одлука предметот да се врати на повторно одлучување кај судија на претходна постапка, при што по овие два предлога ќе постапува судија на претходна постапка во единствена постапка“, соопштуваат од Судот.
 

Б.Ш.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе