ПО ДОСТАВЕНИТЕ ПРЕДЛОЗИ НА СЈО

Судот ги одби мерките за претпазливост за Груевски

Судија на претходна постапка донесе решение со кое го одби како неоснован предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, бившиот министер Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, кои се осомничени од СЈО во предметот „ТНТ“ за рушењето на „Космос“

„Во рок од 24 часа СЈО има право да поднесе жалба до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Инаку, денеска во судот дојдоа на распит и Груевски, и Трајковски и Јанакиески. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не се чувстува виновен и нема намера да замине од земјава. Обвини дека СЈО прави чекори кои се нарачани од нарачителот кој во неколку наврати изјавил дека не ги признава македонските судови.

Според СЈО, екс премиерот и екс министерот го поттикнале градоначалникот на Гази Баба да го сруши комплексот „Космос", сопственост на Фијат Цаноски, претседател на Партијата за Европска Иднина (ПЕИ). 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе