Со смените на новиот претседател на Основен суд Скопје 1

Судијката што добиваше закани дека ќе летне како гулаб ќе одлучува во Одделението за организиран криминал

Новиот претседател на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, направи промени во распоредот на судиите и освен Владимир Панчевски кого од Кривичниот оддел го прераспредели во Одделот за прекршоци, смена направи и со уште двајца судии. Весна Димишкова, судијката која ја потпиша наредбата за СЈО да може да влезе во УБК и која доби закани откако им изрече затворски казни, дека ќе летне како гулаб и ќе биде исечена на парчиња од обвинети од „Детонатор“, од Одделението за претходна постапка, ќе одлучува во Одделението за претходна постапка за организиран криминал.

Смена е направена и кај судијата Александар Милошески кој од Одделението за кривично полнолетни, преминува да суди во Одделението за санкции. Судиите имаат рок од 3 дена да поднесат приговор до Врховниот суд, по што одлуката ќе биде правосилна.

Судијката Димишков е позната во јавноста по наредбата која ја потпиша, а со тоа му ја отвори вратата на СЈО да може да влезе во УБК, а беше кандидат и за претседател на Основниот суд Скопје1. Оваа судијка добиваше закани по живот од двајца обвинети во случајот „Детонатор“ кој и се закануваа дека ќе и постават бомба и дека ќе летне како гулаб, како и дека ќе ја исечат на парчиња.

Се работи за обвинетите во случајот „Детонатор“, Жан Железарски и Јорданчо Михајлов кои седнаа на обвинителна клупа и за заканите кои и ги упатиле на судијката Димишкова при објавувањето на пресудата за овој случај.

Во случајот „Детонатор“, Димишкова на Железарски му изрече казна затвор од 14,6 години, додека на Јорданчо Михајлов 12,6 години затвор.

Од пресудата за случајот „Детонатор“

 За заканите обвинетите пред судот се бранеа дека не упатиле такви закани, Железарски рече дека никогаш не рекол дека ќе ја сече судијката на парчиња, а Михајлов дека воопшто не и се обратил на судијката.

Судијката Димишкова пред судот тврдеше дека по заканите постоел страв на секое влегување во автомобилот. Секое вртење на клучот по влезот во нејзиното возило си ги кажувала зборовите „Ти благодарам боже, не летнав“.

По изрекувањето на пресудата за „Детонатор“ , припадници на МВР ја предупредиле да не го напушта судот без нивно обезбедување, бидејќи имале сознанија дека околу судот имало групи блиски на обвинетите кои ја чекале. Била спроведена со обезбедување, а една група ја чекала на раскрсницата на Македонската радио телевизија. Потоа одреден период била обезбедувана од полицијата.

„По објавата на пресудата од страв во возилото не дозволував да влезе заедно со мене моето дете, па од него барав да стои надвор од гаражата и да внимава да не го чукнам возилото додека излегувам, му давав да фрли отпадоци“, сведочеше тогаш Димишкова пред судот.

Во случајот судијката Димишкова им се судеше на 16 лица за лихварство, рекетирање и обиди за убиство, а двајца од нив беа осудени доживотен затвор.

 

 К.Д.

 

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе