„Труст“ ќе се суди со забрзано темпо

Судијката за Кочан закажа 8 рочишта, одбраната реагира, со ова темпо клиентите не можат да ни платат

Судењето за „Труст“ ќе продолжи на 21 ноември со доказна постапка, а до тогаш одбраната ќе треба да направи увид во доказите што денес специјалниот обвинител Артан Ајро им ги донесе во судница и им ги предаде на бранителите на обвинетите. Судијката Лидија Трајковска остро и без да ги земе предвид негодувањата на одбраната закажа осум рочишта, четири во ноември и четири во декември.

Додека таа го одредуваше темпото со кое ќе тече судскиот процес, адвокатот Јован Јоанидис во судница рече: „Судијке, ако вака продолжите, странките нема да можат да издржат да ни платат“.

Регираше и адвокатката Сања Алексиќ укажувајќи ѝ на судијката дека имаат и други клиенти и дека не им е само овој предмет, кој не бил притворски.

Но судијката Трајковска не отстапи и возврати: „Нема потреба од тензија. Не знам зошто ваква негативна енергија. Вие знаете каде се согласувате да бидете бранители. На овој начин ќе имаме континуитет на работата. Мора да бидеме усогласени и судот има обврска да работи концентрирано. Овде се работи за многу сериозен предмет на кој мора да му дадете приоритет“, рече судијката Трајковска.

На денешното рочиште двајцата обвинети изјавија дека не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги гони СЈО, а и обвинетите претставници на двете фирми кажаа дека не чувствуваат одговорност.

Од СЈО се децидни, обвинетите сториле криминал, велат, тие имаат докази за тоа и ќе го убедат судот во вистината за „Труст“ преку цврсти докази. 

Обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски на денешното рочиште

Судијката Лидија Трајковска е позната и по бунтот против експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, кога беше прераспоредена да суди прекршоци. Таа побара од Врховниот суд да не им суди на своите колеги од прекршочниот оддел во случајот „Јустиција".

Таа денес одлучи да го отфрли барањето на адвокатите во „Труст“, наместо главна расправа, да организира подготвителна расправа, а на денешното рочиште го отфрли предлогот на бранителите да се организира подготвително рочиште само за доказите, бидејќи, како што рече, тоа ќе се прави во доказната постапка.

Во случајот „Труст“ се работи за фалсификување документација за добивање тендер од ЕЛЕМ.

Станува збор за тендерот што во 2011 година го распиша државната фирма „Електрани на Македонија" (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ, вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра. Во „Труст" се обвинети и три правни лица: „Транс Mет" од Скопје, „Силекс" од Кратово и „Вато" од Студеничани. Oбвинетите доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.

К.Д.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе