Судијката Лидија Димчевска е нова в.д. претседателка на Апелацискиот суд во Скопје

Судскиот совет ја назначи судијката Лидија Димчевска за вршител на должноста претседател на Апелацискиот суд во Скопје. Димчевска работи на предмети од граѓанската област. Во биографијата на судијката е наведено дека во 2001 година била избрана за судијка во Апелацискиот суд Скопје, каде што сè до септември 2004 година постапувала по граѓански предмети.

Димчевска до декември 2005 година постапувала по работни спорови, а од јануари 2006 година повторно постапувала по граѓански предмети и е претседателка на совет.

Избрана е и учествува како ментор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици на Република Македонија.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе