Основен суд Скопје 1

Судијката Кацарска која обвинуваше за местење предмети на рака ќе му суди на Груевски за „Тенк“

Кривичниот суд ги објави имињата на судиите кои ќе судат во предметите на СЈО кои треба да стартуваат кон крајот на јануари. На поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за случајот со набавката на луксузниот мерцедес познат под името „Тенк" ќе му суди Дорила Кацарска, судијката која тврдеше дека се местат предмети на рака во судовите.

Кацарска во тврдењата за злоупотреба на електронскиот систем по судовите, рече дека постојат докази за тоа ова дека претседатели на судови влијаеле.

Од Основниот суд Скопје 1 соопштуваат дека случајот „Монструм" за петкратното убиство кај Смилковско езеро со новиот распоред и автоматската рапределба преку АКМИС системот ќе го суди судијата Огнен Ставрев.

„Сопот" ќе го суди, Владимир Туфегџиќ, додека „Титаник 3" каде обвинети се сопартијците од ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури ќе ги суди Оља Ристова.
На екс премиерот Никола Груевски обвинет за набавката на луксузниот мерцедес, ќе му суди Добрила Кацарска. Случајот „Тврдина", „Таргет" преку кој треба да се дознае кој со години нелегално прилсушувал ќе го суди, судијката, Џанета Бегтовиќ.

 

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе