Стресот педизвикува сообраќајки со ненадоместливи штети, РСБСП со апел за внимателно возење

Со оглед на се поголемиот број на сообраќајни незгоди, од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата апелираат дека и покрај приватните обврски и фактот што понекогаш сме под стрес, секој возач мора да се однесува одговорно и негова единствена задача е да се фокусира на возењето.

„Во ситуации што предизвикуваат стрес или фрустрација, секој поединец се однесува различно. Тоа однесување може да биде прилагодено или неприлагодено. Факторите што предизвикуваат стрес може да бидат од биолошка, психолошка и од социјална природа и согласно тоа стресот влијае на: телесната (физичка) функција на организмот (глад, повреда, болест, недостаток или вишок сила и енергија), психичката функција на организмот (несигурност, страв, болка, депресија, нервоза...) и социјалната функција на поединецот (повлеченост, емотивност, агресивност и конфликтност). Според досегашните искуства, кога една личност е под стрес, најчесто се нарушуваат сите функции истовремено. Многу нешта можат да се менуваат, да се поправаат и да се коригираат, но ирационалното реагирање на стресот, не ги решава основните проблеми, туку само создава нови со трајни последици и ненадоместливи штети", велат од РСБСП.

Од таму додаваат дека врската меѓу стресот и однесувањето на учесниците во сообраќајот е нераскинлива.

„Оваа врска се манифестира на неколку начини, преку опасно и ризично возење: агресивно возење - нервозно и насилно однесување во сообраќајот, рассеано возење - дефокусираност и отсуство на возачот при перцепција на состојбите и ризиците во сообраќајот,емотивно возење - ризично однесување на возачот во сообраќајот што во основа значи дека возачот ги доживува случувањата во сообраќајот на посебен, личен и неадекватен начин и го наведува кон донесување погрешни одлуки и дејствија во сообраќајот, „пијано возење" - т.е. возачот е психофизички неспособен и неподготвен да управува со возилото", се вели во соопштението на РСБСП.

Стресот со кој секојдневно се соочуваат учесниците во сообраќајот влијае на културата, на етиката и на меѓусебната толеранција и почитување меѓу учесниците во сообраќајот.

Стресот влијае на пристапот кон одредени случувања во сообраќајот, влијае на индивидуалните одлуки што ги носат учесниците во сообраќајот и влијае на дејствијата што ги прават или не ги прават учесниците во сообраќајот, а ваквата состојба, неминовно укажува колку голема улога игра и колкаво значење има сообраќајната психологија во процесот на едукација, оспособување, контрола и проверка на возачите, додаваат од таму.

Начиниот за справување со стресот и стресните ситуации воопшпто не е лесен, а од РСБСП апелираат дека најефикасен начин за справување со стресни ситуации е адаптирање кон условите и настанатите ситуации, поголема самодоверба и самоконтрола, концентрација, позитивна мисла и релаксација.
РСБСП укажува на потребата од целосна фокусираност во сообраќајот затоа што сообраќајот е сложен и динамичен систем, а сообраќајните незгоди се извор на опасност по животот и здравјето на учесниците во сообраќајот.

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе

Ако нешто е направено спротивно на законот, тогаш тоа што е направено е ништовно по силата на правото (ipso iure). 

повеќе

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе