За развој на туризмот

Стопанската комора бара укинување на визите за Кина и за заливските земји

Ако земјава не го укине или олесни визниот режим за Кина, ќе остане надвор од Балканскиот туристички пазар, а девизниот прилив, наместо тука, ќе заврши во регионот, предупредува Стопанската комора на Македонија.

Според Комората, Македонија треба да го укине и визниот режим за т.н. заливски земји (Катар, Кувајт, Бахреин, Оман, Обединетите Арапски Емирати). Исто така, од Комората нагласуваат дека ниту еден од македонските хотели сѐ уште нема „халал“ систем, а многу е слабо и познавањето на кинеската култура, традиција, обичаи и кујна.

„Визното олеснување драстично би го зголемило бројот на кинески туристи, а подразбира можност да се дадат визи на аеродромот во Скопје. Србија пред две години одобри безвизен режим по што два – три пати го зголеми бројот на туристи. Се воведе и редовна линија од Белград до Кина што уште повеќе придонесе за развојот на туризмот“, изјави заменик-претседателот на Здружението за туризам, Славе Сирачевски.

Бројот на кинески туристи во светски рамки се проценува на околу 135 милиони годишно и тие трошат 330 милијарди долари. Македонија од овие пари и, генерално, од светскиот туристички тренд, бележи само 0,1 отсто приход.

„Сите земји од регионот го имаат либерализирано визниот режим со заливските земји, само Макдонија има визи за речиси сите од нив. Србија и Црна Гора веќе креираат конкретни заеднички дестинации за туристите од Катар, Кувајт, Оман,…, кои се сериозно заинтересирани за посета на балканските држави, рече Данела Михајловска Василевска од Комората.

Комората денеска ќе достави официјално барање до министерствата за внатрешни и за надворешни работи за одржување состанок на кој би се разгледало ова прашање. Досегашните двогодишни напори да се реши ситуацијата со визниот режим за Кина и Заливските земји поминале без конкретен резултат.

 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе