Сведочење на собраниски обезбедувач

Стојков: Ги видов Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието

Собранискиот обезбедувач Владимир Стојков сведочел на продолжението од судењето за настаните од 27 април. Тој потврдил дека кога чул врева, се симнал пред кабинетот на Трајко Велјаноски и ги видел пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски како ги вадат заштитните огради од главниот собраниски влез.

Пред судот кажал дека кога ги видел Мукоски и Василевски и ги прашал „што правите, знаете ли што ќе се случи ако влезе толпата“. На тоа Крсто Мукоски му рекол дека тоа не е негова работа.

Стојков рекол дека успеал да ја врати едната греда, а другата не успеал зашто Мукоски не дозволил.

Стојков изјавил дека откако Василевски ја извадил гредата од вратата која гледа од Собранието кон паркот „Жена“ од десната страна, заедно со обвинетиот Абдулфета Алими, се повлекол нагоре кон Собранието бидејќи им било наредено од началникот Александар Јанковиќ да го пренесат формациското оружје во кабинетот на Велјаноски зашто долу не било безбедно.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе