Кога човекот сака да се доближи до подароците преку Бога

Срам и непристојност за Водици: во Скопје едвај го фрлија крстот, во Штип го украдоа!

Овие Водици, ќе останат за паметење по алчноста на божемните верници кои преку крстот буквално ќе се испотепаа за да дојдат до телевизорот или до какви се не подароци што ги подготвија кумовите.

Во голем срам и непристојност помина осветувањето на водите во Скопје и во Штип и тоа предизвикани од оние верници што се обидоа да се доближат до Бога фрлаќи се по светиот крст во Вардар и во Брегалница. И во тој обид за малку ќе се истепаа, во Штип крстот дури и го истргаа од раце на жена што имала ксмет да го фати. Едвај го вратија дури по интервенција на полицијата. Ц,ццц - голем срам!

Во Скопје верниците кои чекаа г.г. Стефан да го фрли крстот во Вардар тотално се оглушија – не ги слушаа ниту молбите од свештениците да излезат од водата за да може да се фрли крстот, ниту заканите дека ако не се тргнат ќе остане Вардар неосветен, односно дека крстот нема да биде фрлен. Поради ваквата непристојност Македонската православна црква најави дека нареднитие одбележувања на Водици ќе поминат без традиционалните подароци.

Штип е случај што треба да остане запаметен во библија на срамот, ако некогаш се направи такво нешто, зошто ваков срам како годинешниов, жителите на овој град не верувам дека паметат.

Триесет и едногодишната Борислава Васкова од Штип имаше ксмет да го извади светиот крст од водите на Брегалница. Дописникот на Алфа телевизија јави дека и го украле крстот, а крадците не сакале да го вратат и покрај апелите на свештеникот кој чиноначалствувал, како и верниците кои присуствувале на осветувањето на водите на Брегалница. Сите тие биле сведоци на кражбата и дури по неколку часа, со полициска интервенција, крстот повторно и бил вратен на Васкова. Среќната штипјанка доби подарок икона и библија и за неа ќе остане овој ден за паметење и по големиот ксмет и очекувањето дека ќе има година во која ќе биде благословена (такво е верувањето за тој што ќе го фати крстот). Овие Водици, пак, ќе останат за паметење по алчноста на божемните верници кои преку крстот буквално ќе се испотепаа да дојдат до телевизорот или до какви се не подароци што се доделуваат. Гопод да чува и да брани !  

С.М.

 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе