По два дена потрага

Специјалните единици на МВР го најдоа телото на момчето кое исчезна во Преспанското Езеро

Пронајдено е тeлото на 16-годишното момче кое завчера исчезна во водите на Преспанското Езеро, потврдуваат од МВР.  Телото е најдено по потрага која траеше два дена во близина на местото каде што момчето исчезна.

„Денеска околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен .По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција“, велат од МВР. 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе