По пријавата на сопругот дека ја нема

Специјалци и кучиња трагачи шест дена ја бараат исчезнатата Марија

Веќе шест денa полицијата трага по 28 годишната Марија Брзакова од струмичко Босилово. Во телефонски разговор за МКД.мк од СВР Струмица велат дека потрагата по жената пријавена за исчезната трае и денес, но детали околу тоа какви активности се преземаат и кој терен се пребарува во интерес на истрагата, од таму не соопштуваат. Во потрагата по жената вклучени се и припадници на Специјалните единица на МВР и кучиња трагачи.

Она што официјално се знае за овој случај е дека за исчезнувањето на Марија полицијата ја известил нејзиниот сопруг. Тој на полициските службеници им кажал дека неговата сопруга излегла од домот и повеќе не се вратила.

Ова семејство тогаш и ја губи трагата и уште не знаат каде е Марија која е сопруга и мајка. 

Утрото кога излегла од својот дом, таа била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса.

Од СВР Струмица кој ја водат потрагата по жената додаваат дека кога ќе има официјални информации за овој случај јавноста ќе биде информирана. 

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе