ОД КАСАРНАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Спасовски: Владата ќе побара меѓународна истрага за случајот „Диво Насеље“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес на доделувањето на донацијата во касарната Ѓорче Петров соопшти дека за случајот „Диво Насеље“ Владата ќе преземе обврска да спроведе дополнителна меѓународна истрага. Спасовски посочи дека јавноста со тоа ќе ја дознае вистината за терористичките напади кои се случија на 9-ти и 10-ти мај, 2015 и во кои загинаа осум полицајци. 

Во судскиот процес за терористичките напади во Куманово, обвинетите речиси на секое рочиште бараат во судница да се појават, како што ги нарекуваат, организаторите на целиот настан, споменувајќи ги имињата на Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Али Ахмети, Никола Груевски и Артан Груби. 

Обвинетите вакво барање упатија и до судот, но предлогот овие лица да се сослушаат како сведоци, беше одбиено. Обвинетите и нивните адвокати бараат, како што велат, да се открие цела вистина за овој случај, а тоа може да се случи само доколку лицата од раководни полициски и политички функции се појават во судница и се соочат со обвинетите.
Во овој судски процес на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација. Во настаните во кумановската Дива Населба загинаа осуммина припадници на МВР, а околу 40-тина беа повредени.  

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе