Тој на новинарско прашање за тоа, упати на одговорот на косовскиот колега Екрем Мустафа даден за време на посетата на Скопје на крајот од март по трилатералната тактичко-показна вежба „Western Balkan's flash", кој изјави дека нема информации каде се Демири и Исмаиловиќ и рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција.
„Во моментот немаме информации каде се наоѓаат, но согласно законските процедури ние ќе постапиме и ќе соработуваме со Република Северна Македонија“, изјави Мустафа одговорајќи на новинарско прашање дали има информации за Демири и Исмаиловиќ и кога ќе бидат екстрадирирани.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро кое се случи точно пред седум години на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава.