Во Стокхолм

Спасовски на самит за изнаоѓање на решенија за искоренување на насилството

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на покана на Владата на Кралството Шведска денес и утре, 14 и 15 февруари, учествува на глобален самит насловен како „Агенда 2030 за децата: самит за изнаоѓање на решенија за искоренување на насилството" што во организација на Владата на Кралството Шведска и меѓународната организација „Глобално пријателство" се одржува во Стокхолм.

На Самитот, велат од МВР,  присуствуваат високи претставници од речиси сите земји членки на Обединетите нации, како и претставници на УНИЦЕФ,  Светската здравствена организација и повеќе реномирани меѓународни невладини и други организации, а е поделен во повеќе работни сесии, на кои што низ повеќе аспекти се дебатира и се носат одлуки за изработка на концизна стратегија за конечно искоренување на насилството врз децата. 

„Македонија како потписник на Конвенцијата за правата на детето и повеќедецениски партнер на УНИЦЕФ, во рамки на правниот систем имплементираше низа законски и подзаконски акти во насока на заштита на децата и унапредување на нивните права, вклучително и преку Законот за правда на децата.  Имајќи го сето тоа во предвид Македонија ќе продолжи и понатаму да им обезбедува на децата заштита и грижа кои се неопходни за нивната благосостојба“, истакнуваат од МВР.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе