Спасовски на распит во Основното јавно обвинителство

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска треба да се појави на распит во Основното јавно обвинителство, потврдуваат од таму.

Предмет на истрага на Марко Зврлевски се наводните сомненија за лажирање на финансиските извештаи на СДСМ, како и начинот на финансирањето на партијата.

Пред него во ОЈО на распит беше и пртетседателот наСДСМ, Зоран Заев. Tој во петокот изјави дека секогаш кога Специјалното јавно обвинителство ќе отвори некоја предистражна, истражна постапка или обвинителен акт, „Зоран Заев е таргетот на државното Јавно обвинителство“.

„СДСМ има јавно објавен ревизорски извештај, ревизорскиот извештај заврши, ревизијата беше спроведена од Државниот завод за ревизија, согласно законите и за кампањата и за партијата СДСМ, апсолутно нема никакво сомневање во самиот извештај… Апсолутно индициите којшто ги имаат се доволен основ да бидеме повикани, за да ги дадеме сите наши докази и верувам дека тука ќе заврши целата постапка“, рече Заев во петокот.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе