Спасовски: МВР работи на расчистување на случајот со пукањето во „Палас“, со Боки сум имал само службени контакти

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека работат на целосно расчистување на случајот со пукањето во скопскиот хотел „Александар Палас“ и оти веќе има неколку приведувања. Во изјава за медиумите, најави жестока борба против криминалните структури во Скопје, а мерките на претпазливост што беа определени за приведените во случајот со пукањето во Алаксандар Палас рече дека воопшто не се мерки.

„Ако погледнете за какви луѓе станува збор, тоа воопшто не се мерки. Кога ќе подготвите тимови и голем дел на инспектори ќе работат на расчистување на одреден случај и ќе утврдат аргументи и факти кои ќе ги достават до Јавното обвинителство и ќе ви кажат нека оди по редовна постапка, тогаш навистина се прашуваме зошто толку труд и енергија се вложува и кого тоа ние штитиме“, истакна Спасовски, посочувајќи дека изминатите денови е откриена криминална група во Куманово која проневерила 12 милиони евра, а за ниту еден член на групата не е одредена мерка притвор.

Не знам зошто одредени обвинители во обвинителствата во земјава постапуваат на таков начин, праша Спасовски.

Додаде дека секое криминално дејство мора да се санкционира затоа што неказнивоста продуцира нов криминал.

„Ако еден криминалец не го санкционирате, тој има мотив тоа утре повторно да го направи. Денеска гледаме дека оние кои проневерија милиони суми, кажуваат дека не се воделе постапките како што треба, а се шетаат слободно. Треба да бидеме повеќе одговорни, одговорноста да биде на едно повисоко ниво затоа што на тоа не обврзува одговорноста кон граѓаните“, порача Спасовски.

Во врска со случајот „Рекет“, Спасовски негираше дека имал редовни контакти со обвинетиот Бојан Јовановски.

„Службени контакти, два или три кои биле, се однесуваа на одредени пријави кои ги имаше тој и новинари во телевизијата за упад во електронскиот систем во телевизијата и за тоа беа остварени средби со директорот на Бирото за јавна безбедност. Апсолутно не станува збор за било какви други контакти, ниту пак за разговор со него или со било кој друг вклучен во криминални активности“, подвлече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со сведочењето на Ана Камчева дека тој бил редовно во контакт со Јовановски.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе