По тешката сообраќајка во Куманово

Спасовски испрати телеграма со сочуство до семејството на прегазениот полицаец

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати телеграма со сочувство до семејството на трагично загинатиот 37- годишен полициски службеник Виктор Цветковски од Куманово. Од Основното јавно обвинителство во Куманово соопштија дека возачот кој ја предизвикал тешката сообраќајка бил пијан. 

„Во овие тешки моменти заедно со Вас ја споделуваме болката за ненадоместливата загуба за еден млад живот. Министерството за внатрешни работи, колегите, загубија вреден и чесен другар, а Вие пак загубивте син, сопруг, татко, брат, пријател“, напиша меѓу другото Спасовски во телеграмата до семејството Цветковски.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе