Тркалезната маса посветена на проектот „Безбедно дома"

Спасовски до обвинителите: Охрабрете се, покренувајте постапки против секој што го прекршил законот

Никој не може да очекува дека граѓаните ќе имаат доверба во институциите на системот, ако носителите на функции, поранешни функционери, големи бизнисмени, луѓе со големи врски и во домашната и во меѓународната јавност не одговараат подеднакво пред законот како што одговараат останатите, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој учествуваше на тркалезната маса посветена на проектот „Безбедно дома".

Тој ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчершната изјава на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, кој смета дека министерот Спасовски не ги посочува судиите од неговиот суд кога вели дека судиите се одговорни за мерките за определување или неопределување притвор.

„Кривичниот суд е апсолутно независен во одлучувањето и сметам дека се имаме оградено од сите можни влијанија од надвор при носењето на одлуките. Ги носиме согласно доказите и препораките на Судот за човекови права во Стразбур и Европската комисија. Одлуките се избалансирани, правични и европски и токму тоа е нотирано во извештајот на ЕК“, рече Џолев вчера средба со новинарите.

А Спасовски денеска упати апел до Јавното обвинителство и до јавните обвинители да се охрабрат да покренуваат постапки и против свои колеги и против судии, фунционери и против секој во земјава кој се огрешил пред законот. Ги повика и граѓаните да пријавуваат и да покренуваат постапки, нагласувајќи дека МВР им е партнер и додавајќи дека тој жестоко ќе се бори на политичката сцена секој да одговара подеднакво пред законот.

„Сите пред законот мора да бидеме еднакви. Секој што прави некаков пропуст, кривично дело ќе мора да одговара, ќе мора еднаш засекогаш да се напушти принципот на неказнивост. Тие што се „големи ѕверки" во земјава треба да бидат исто третирани како секој обичен човек. Не може наутро едни да бидат апсени, а попладне некој да ги пушта, затоа што можеби имало влијание“, рече Спасовски.

Додаде дека се согласува со Џолев дека одговорноста треба да има име и презиме и дека треба да се индивидуализира.

„Во судовите, обвинителствата и во сите органи на државна управа најголемит дел од луѓето се чесни, одговорни и професионалци, но постојат одреден број луѓе кои не се однесуваат професионално, можеби поради бизнис интереси, личните, партиските интереси им се поважни во нивното функционирање. Сакам таа одговорност да биде посочена со име и презиме да носат одговорност и тоа ќе биде поука за секој еден фукционер. Ќе дојде момент кога ќе посочуваат со име и презиме“, рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи неодамна во телевизиска емисија им порача на судиите и обвинителите оти не извлекле поука од бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, а засега ниту еден судија или обвинител не се препозна во неговата изјава.

Првиот обвинител Љумобир Јовески вчера исто така не реагираше на критиките на министерот, истакнувајќи дека кога обвиниелите не се задоволни од некоја судска одлука ја користат нивната единствена опција и поднесуваат жалба.

А обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која заедно со Јовески и Спасовски вчера во ЈО учествуваа на Конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал", вели досега има постапка против еден судија, а има предистраги и истраги за други функционери и тоа пред се за економски криминал и копруција.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе