ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА МЕТАЛИЧНИ СУРОВИНИ И ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Спас за Козјачица: Изградбата на рудник за злато и бакар ќе значи смрт за Куманово

Во атарите на селата Бајловце, Аљинце и Цвиланце, по течението на реката Петрошница, во општина Старо Нагоричане, кумановско во тек е изведбата на детални геолошки истражувања за металични минерални суровини, злато, сребро, бакар и молибден. 
Експлоатација на рудата за овие т.н. благородни метали, претставува една од најголемите загадувачи на природата, реаигираа од граѓанската инцијатива “Спас за Козјачица”.

 “Доколку концесијата за експлоатација на руда биде одобрена, по течението на реката Петрошница ќе се отвори огромен рудник за злато и бакар. Таквиот тип на индуструја спаѓа во Г1 тешка и загадувачка индустрија. Рудникот ќе биде со отворен коп, а рудата ќе се обработува со т.н процес на „лужење“. Тоа значи дека тони и тони експлозив секојдневно ќе се активираат врз почвата во Бајловце, што ќе резултира со ширење на опасна прашина во атмосферата, која ветерот ќе ја носи во нашите домови. Уште поопасен по здравјето на луѓето е методот на екстракција на рудата во кој се користат цијанид и сулфурна киселина. Евентуална хаварија може да предизвика зголемување на бројот на сериозни заболувања на луѓето и домашните животни во околината на општините Старо Нагоричане, Куманово, Кратово, Скопје, Крива Паланка и сите останати поблиски населени места. Јаловината која што низ годините ќе остане како отпад од рудникот, можно е да истече и да се излее во Петрошница и Пчиња, пренесувајќи ги отровите преку Вардар долж цела Македонија до вливот во Солунскиот Залив”, се вели во реакцијата на иницијативата “Спас за Козјачица”.

Од таму додаваат дека таква судбина веќе се има случено на романскиот град Баја Маре во 2000 -та година, каде што постоел рудник од ист тип, кога како последица на пукање на брана, 70 тони токсичен цијанид и тешки метали истекле во реките Тиса и Дунав и комплетно го девастирале живиот свет. По Чернобил тоа претставувало најголемата еколошка катастрофа во современа Европа. 

Географско-етнографската област Козјачија со своите живописни пејзажи и недопрена природа претставува вистинска реткост.
Не смееме да дозволиме Козјачијата да стане скитска пустина. Зад овој проект стои претпријатието Сардич МЦ, а како нејзин сопственик се јавува украинско - англиска акционерското друштво „Коппер инвестментс“. Целото злато и бакар кое што ќе биде извадено од земјата ќе оди надвор од Македонија. Нашата држава нема да задржи ниту 2% од добивката од добиената руда.
Ние како граѓани нема да видиме никаква корист од рудниците освен деструкција на природната средина и еко-системот, намалување на животниот век и зголемена смртност поради заболувања на белите дробови, зголемена стапка на заболеност од рак и болести кај новороденчињата. Добивката ќе биде краткорочна, а последиците вечни. Затоа мора да кажеме НЕ за рудниците на смртта, како нашите сограѓани од Гевгелија, Валандово, Богданци, Дојран и останатите општини од југо-источна Македонија. Приклучете ни се! Да ја зачуваме девственоста и чистотата на планината Козјак, бисерот на Куманово”, велат од граѓанската иницијатива. 

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе