СЕДНИЦА ВО КРАКОВ, ПОЛСКА

СОС Охрид бара од УНЕСКО да го заштити единственото природно и културно наследство

Мораториум врз сите градежни зафати во охридскиот регион којшто е ставен целосно под заштита на УНЕСКО, како дел од светското природно и културно наследство, побараа активисти на граѓанската иницијатива СОС Охрид кои деновиве барањата ги приложија пред Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 41 седница, што се одржа во Краков, Полска.

„Во одлуката на УНЕСКО, по извештајот од реактивната мисија која во Република Македонија престојуваше во април годинава, се налага надлежните во Македонија да се откажат од секциите ‘а’ и ‘е’ од експресниот пат А3 и патот да се симне во подолна категорија. Апелираме до УНЕСКО да наложи целосно повлекување на проектот за експресниот пат A3. Воедно, бараме од актуелната Влада да се откаже од секакви идеи за патишта кои ќе поминуваат низ националниот парк “Галичица”. Иднината на регионот е во еко-туризам, не во патна инфраструктура низ недопрени и строго заштитени предели, која понатаму секако дека е можно да доведе до урбанизација и дополнителна деградација на природата во националниот парк“ велат од Охрид СОС.
Во обраќањето на 41 седница е спомнато и Студенчишко Блато, потребата од негова итна и сеопфатна заштита и ревитализација со што ќе се дозволи пределот да биде жариште на еко-туризмот, да почне да се развива и научниот туризам, од природни науки, па сè до археологија во околината на Студенчишко Блато.
 
„Додека ние се бориме со сите сили да го заштитиме и да го зачуваме единственото УНЕСКО подрајче што го имаме, граѓанските движења во развиени земји даваат сè од себе своите да ги стават на Листата на светско наследство во опасност, само поради една зграда или поради одобрен потенцијален проект, каков што е случајот со Виена и Ливерпул“, истакнуваат од СОС Охрид“.
 
Граѓанската иницијатива СОС Охрид беше единствена организација-набљудувач од Македонија, којашто беше поканета да учествува на оваа седница на УНЕСКО.
 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе