Соопштенија

Записникот од исказот на еден од сведоците во случајот Рекет потврдува дека Зоран Заев ја попречувал истрагата за случајот, со тоа што второосомничениот Зоран Милевски го известил дека сведокот го пријавил рекетот во обвинителството. Заев не само што лажеше дека прв го пријавил случајот, туку и застанал на патот на правдата и на страна на рекетарите, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

25 Август 2019 - 09:29

Загрижени сме поради недостигот на информации од страна на МВР во врска со случајот со автомобилот на инспекторот со кое се превезуваа наркотични средства. Дури и по повеќе од една недела, надлежните органи не даваат појаснувања какви правни мерки се преземени од страна на внатрешната контрола во рамките на МВР во врска со споменатиот случај, се веливо денешното соопштение на Алијансата за Албанците.

24 Август 2019 - 15:36

Обрачот околу Зоран Заев и СДСМ околу случајот „Рекет" сѐ повеќе се затега. Информациите за записникот и исказот на оштетениот во случајот „Рекет" што излезе по медиумите, а потврдени од обвинителот и од Јавното обвинителство, ги отворија сите картите како се одвивал целиот рекет на бизнисмени и политичари во Република Македонија, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

24 Август 2019 - 14:53

Очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кулминира со панични соопштенија по нотите на Груевски. Мицкоски е ист како Груевски, ја одобрува и продолжува хајката кон невладините организации, што ВМРО-ДПМНЕ ја правеше додека беше на власт. Буквално ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

24 Август 2019 - 14:28

Да имаше Зоран Заев барем малку образ, наместо да се фали, ќе се срамеше од покачувањето на пeнзиите за цели 36 денари и платите во образованието за 5 проценти. Искрадоа и изрекетираа милиони евра, а нарот го лажат со трошки. СДСМ и Зоран Заев продолжуваат да ги манипулираат вработените во образованието, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

24 Август 2019 - 13:07

Смешно и жално е што после четири месеци од добивање на сите докази за случајот „Рекет", Заев дозволи УЈП да влезе во контрола на невладините организации на Боки 13. Уште потрагично е што ова го претставуваат како успех, а не капитулација на правната држава. Досега пред обвинител требаше да бидат изведени и Кики и Фрики и Шеки, а нивните сметки да бидат прочешлани. Тоа ќе беше така доколку Зоран Заев беше чист и не беше главата на октоподот, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

24 Август 2019 - 09:32

Од септември за 5 отсто повисоки плати за вработените во образованието. Владата предводена од СДСМ продолжува со создавање и спроведување политики што обезбедуваат раст на платите и повеќе пари во семејните буџети. Платите во основното, средното и високото образование, како и кај јавните високообразовани установи растат за 5 отсто, почнувајќи од исплатата на платата за месец септември, соопшти СДСМ.

24 Август 2019 - 09:27

Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев. Цела македонска јавност знае дека главата на октоподот е единствениот аболициран премиер во Европа. Русковска и Јовески и натаму се ставаат во заштита на криминалот, во заштита на Зоран Заев кој е на чело на операцијата за рекетирање на политичари, бизнисмени, македонски граѓани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

23 Август 2019 - 09:14

Притворањето на Катица Јанева е договорен театар со кој треба да се прикријат трагите кои водат кон Илинденска и Зоран Заев. Катица Јанева му остана верна на Зоран Заев, како што и тој ѝ остана верен во сите местенки и криминали. Катица Јанева и Зоран Заев се лице и опачина на истата паричка, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

22 Август 2019 - 10:06

Правната држава функционира, никој не е над законите, истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите. Градењето на независен, професионален и неселективен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Правната држава функционира, законите важат за сите подеднакво, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

22 Август 2019 - 09:38

Ја поздравуваме одлуката на обвинителството да го расветли и до крај да го истражи случајот „Рекет" носејќи ги на обвинителка клупа сите инволвирани во случајот вклучувајќи ја и Катица Јанева. Апелираме до надлежните правни институции да ги истражат сите случаи во кој се инволвирани функционери на ДУИ, почнувајќи од случајот „Маџар телеком", „Титаник 3" „Пациент" како и случајот со злоупотреби во пензиско-инвалидскиот фонд, соопшти Алијансата за Албанците.

21 Август 2019 - 17:59

Економијата во Република Македонија e жртва на криминалот и корупцијата на власта предводена од Заев. Во моментов во земјава има повеќе од 500.000 граѓани кои што живеат во сиромаштија. Граѓаните не можат да си дозволат да отидат на годишен одмор, а повеќе од 80 проценти од нив размислуваат и бараат начин како да ја напуштат земјава, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

21 Август 2019 - 09:55

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Аеродром вчера ја напуштија седницата на Советот и најавија дека нема да учествуваат во работата на Советот сѐ додека власта спроведува политички прогони кон свои политички противници и неистомисленици. 

21 Август 2019 - 06:31

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој пустоши низ Македонија. Институциите се целосно притиснати и ставени во служба на криминалот на Заев и неговите соработници. Најдобар доказ за тоа е постапувањето на Јавното обвинителство овие четири месеци откако Вилма Русковска ги има сите докази за рекетот на проектот на Заев и негов штитеник Боки Тредичи и разно разните Кики, Фрики и Шеки, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

19 Август 2019 - 09:28

Нема да успеат обидите на Христијан Мицкоски да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одработуваат за тајкуните на режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да успее да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ и НАТО, а вистинските криминалци да ги спасат и замислете, пробуваат да ги претстават како жртви, реагираше Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ на денешната конференција за медиуми на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

16 Август 2019 - 15:50

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе