Соопштенија

Демократскиот сојуз во отворено писмо до францускиот претседател, Емануел Макрон му порача дека македонскиот народ и сите граѓани во изминатите 30 години, направија многу компромиси и отстапки на патот кон ЕУ и побара шанса за Македонија да се движи напред. 

17 Октомври 2019 - 17:31

СДСМ три години ја уништува државата. Република Македонија е жртва на неодговорноста, криминалот и корупцијата на власта. СДСМ со своето владеење ја загрози европската иднина на државата, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

17 Октомври 2019 - 08:58

Продолжуваме да ги реализира политиките за зголемување на животниот стаднард на граѓаните и намалување на сиромаштијата, што се клучни програмски определби. Од декември, повторно расте минималната плата на досега највисоко ниво од 14.500 денари. За зголемувањето на минималната плата за 2.000 денари, постигнат е договор со бизнис секторот и со синдикатите, а растот на платата е предизвикан од реалната економија во земјата, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

16 Октомври 2019 - 09:21

Оставка е потребна од целата влада, не само од поединци од третиот ешалон на власта. Заменик министерот за здравство само го следи примерот на неговиот шеф Зоран Заев, кој моделот „едно евро за Вицето“ го префрли од Струмица на ниво на цела Македонија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

16 Октомври 2019 - 09:17

Во моментов се одржува аукцијата за трето по ред задолжување на новата министерка Нина Ангеловска откако е министер за финансии во последните 45 дена. Денеска Заев и Нина Ангеловска ќе ја задолжат државата за нови 53,6 милиони евра. Денеска Заев и Нина Ангеловска уште повеќе со ова задолжување ќе ја осиромашат државата и граѓаните на Република Македонија, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

15 Октомври 2019 - 13:13

Демократскиот сојуз е убеден дека Македонија ќе ги започне преговорите за интеграција во Европската Унија и потсетува дека во Македонија постои и граѓански и политички консензус за прифаќање на европските вредности и стандарди и побрзо полноправно членство во Европската Унија.

15 Октомври 2019 - 12:16

За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и Парламентот на Република Бугарија изненадува – таа е плод на 66 годишен развој на тоталитарната националистичка мисла и организиран прогон на македонското малцинство во Бугарија. Неизлечениот тоталитаризмот од внатрешен проблем сега станува меѓународен – Бугарија се обидува да претвори во услов за членство во Европската Унија прифаќањето на нејзината дискриминаторска политика. Се обидува да го негира и смени идентитетот на луѓето во Македонија како што непречено го прави тоа веќе 66 години со Македонците во Бугарија, се вели во реакцијата на неколку македонски организации во Бугарија по усвоената Декларација на бугарскиот Парламент за условената поддршка на датумот за преговори за членство во ЕУ на Македонија.

15 Октомври 2019 - 09:16

Македонија тоне во криминал и корупција. Тоа не е правиот пат кон ЕУ, туку прав пат кон изолација. Доколку првиот човек во владата и партијата е заглавен во криминал, тогаш и останатите кои во хиерархијата се под него, го следат истото однесување.

15 Октомври 2019 - 09:03

Интересот на Зоран Заев и на Русковска обвинителството е случајот „Рекет“ да се затвори на начин што ќе се избришат трагите кои водат кон главата на октоподот. Затоа шест месеци не се постапуваше против Фросина Ременски. Затоа таа и сега е оставена на слобода. Нема поголем доказ за соработката меѓу Заев, Русковска и Ременски од фактот дека Фросина Ременски ќе одлучува за Законот за јавно обвинителство, закон од кој зависи работата на Вилма Русковска која ја гоно Ременски, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

14 Октомври 2019 - 09:23

Грижата за пациентите е нашиот врвен приоритет, водејќи вистински политики во интерес на сите граѓани. Од 1 октомври граѓаните на Република Северна Македонија имаат достапни лекови во кој било период од месецот. Целосно ги укинавме квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава, изјави денеска Венко Филипче, претседател на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство.

13 Октомври 2019 - 12:58

Доколку во минатото решавање на проблемот кој Грција го имаше со нашето име беше единствена причина за недобивање датум за преговори, сега проблем станува криминалот на Заев и неговата влада, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

13 Октомври 2019 - 10:05

Моника Зајкова, Зоран Шапуриќ, Игор Вељаноски и Јулиана Николова се новите потпретседатели изгласани на четвртата седница на централниот одбор на Либерално демократската партија (ЛДП). Партијата ја утврди агендата за дејствување во наредниот период и го промовираше слоганот под кој ќе настапува, „Размислувај различно, либерално кон Европа“.

13 Октомври 2019 - 09:58

Откако Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет против Христијан Мицкоски и неговите хидроцентрали, Мицкоски најави повлекување од бизнисот. За потсетување, Мицкоски бизнисот со хидроцентрали го добива во време кога е советник на неговиот ментор Никола Груевски. Тоа е класичен судир на интереси, изјави Стефан Васев од СДММ.

12 Октомври 2019 - 17:06

Оваа власт само во премиерската фотелја има бизнисмен со јавен или сокриен удел во најмалку 12 семејни компании од производство на ајвар, па за транспорт, за ископ, полиња со марихуана. Сѐдодека има политичари кои истовремено се и јавни јавни функционери, постои можност, а и перцепција за злоупотреба на позицијата на моќ. Забележително е како на одредени компании дел до кланот на власт веднаш им тргна бизнисот, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

12 Октомври 2019 - 13:29

СДСМ немилосрдно ја задолжува Македонија. Власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра. Откако е СДСМ на власт не поминува месец без две три задолжувања. Постојаното задолжување резултираше со скок на јавниот долг на над 5 милијарди евра, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

12 Октомври 2019 - 10:02

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе