Соопштенија

Очигледни се фрустрациите и незадоволството во ВМРО-ДПМНЕ по поразот на изборите, на кои граѓаните им кажаа „не” на нивните политики, реагира СДСМ на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

16 Мај 2019 - 16:43

Бледиот настап на Венко Филипче на вчерашното негово гостување на еден национален медиум и повеќе од доволно покажува дека тој и самиот нема идеја што сака да постигне со тендерот за стерилизација, освен да воведе монопол на стерилизацијата во здравството. И нормално парите на граѓаните да завршат во нечиј џеб, идните 15 години. Тендерот вреден над 13.700.000 евра уште во првиот момент е сомнителен за јавноста и тие нејаснотии мора да бидат расчистени, реагираше денеска Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

16 Мај 2019 - 14:56

СДСМ манипулира и си поигрува со пензионерите во Република Македонија. Власта со својата лицемерна политика гази врз над 310.000 пензионери и им го крати правото на повисоки пензии. Секогаш кога СДСМ е на власт удира по џебот на пензионерите. СДСМ додека беше опозиција ветуваше повисоки пензии, а сега од позиција на власт кога имаше можност да овозможи реално покачување на пензиите одби да го стори тоа, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

16 Мај 2019 - 09:13

Политиките на Владата предводена од СДСМ во земјоделството и зголемената поддршка за земјоделците даваат реални резултати. Откупот и продажбата на земјоделски производи во првиот квартал од 2019 година е поголем за 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година, соопшти СДСМ.

16 Мај 2019 - 09:09

На повидок има нов скандал за централизација на стерилизација во Министерството за здравство. Скандал помалку или повеќе сличен или идентичен на тендерот за реагенси кој пропадна инаку вреден 35 милиони евра. Тендерот за централизација на стерилизацијата на клиниките е во тек и вреди 13,7 милиони евра, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

15 Мај 2019 - 14:45

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа и обезбедување повисоки плати за сите граѓани, се пофали СДСМ во денешното соопштение.

15 Мај 2019 - 10:48

Владата две години не направи ниту една реформа, ниту пак проект во насока на приближување кон ЕУ. Зоран Заев лани ја лажеше јавноста дека Македонија треба да слави, бидејќи добила датум и ќе ги почнеме преговорите за членство во ЕУ. Заев не додржа долго во лагата, па излезе со новa дека ќе почнеме преговори за влез во ЕУ во јуни. Како минуваше времето така Заев призна дека никој не му ветил дека почеток на преговори во јуни и дека тоа може воопшто и да не се случи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

15 Мај 2019 - 09:18

Деновиве истече договорот со ОКТА, кој во 1999 година беше склучен од владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Љубчо Георгиевски. Скандалозната зделка преку која беше приватизиран енергетскиот сектор, беше целосно мотивирана од бизнис-интересите на тогашните политички моќници, кои не водејќи грижа за државните интереси, склучија обврска Република Македонија да купува 500 илјади тони мазут годишно, соопшпти Левица.

13 Мај 2019 - 17:35

Растот на платите продолжува, сѐ повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Зголемени се платите за 5 отсто за вработените во образованието, градинките, културата, одбраната, полицијата, јавниот сектор, а за 10 отсто на лекарите специјалисти. Со зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари која важи за сите стопански гранки, 90.000 работници, наши сограѓани добиваат повисоки плати, изјави Коста Костадинов, портпарол на СДСМ.

13 Мај 2019 - 13:47

Зоран Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Стево Пендаровски бидејќи Пендаровски е негова сенка, без интегритет, која само треба да ги аминува криминалите и корупцијата на менторот. Зоран Заев не мораше да биде физички присутен затоа што кога тој зборува, нема потреба Пендаровски да отвори уста. Возењето мотор е поважно од инаугурирањето на Пендаровски, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

13 Мај 2019 - 09:07

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение ја обвинува владата дека е неспособна да ги испорача реформските приоритети и да ги спроведен судските реформи. 

12 Мај 2019 - 10:02

После 10 години завршува мандатот на Ѓорѓе Иванов. Тоа е добра вест за граѓаните, за државата. Иванов ќе остане запаметен како лош пример, како не треба да се извршува претседателската функција, пишува СДСМ во денешното соопштение.

12 Мај 2019 - 09:56

Македонската економија е пред колапс, граѓаните леб немаат, а на Заев му е најважно цела недела да си се извози на скапиот мотор, обвини утрово опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

11 Мај 2019 - 09:26

Бидејќи републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и по вториот круг на претседателскиоте избори го нема никаде со свое делување, ВМРО-ДПМНЕ поднесува 12 кривични пријави против поголем број на сторители кои го нарушија изборниот процес. Станува збор за кривични пријави во кои со доказен материјал се укажува на недозволено агитирање, поткуп во изборни цели, заплашување, организирано гласање и ред други прекршувања на законите, што се повторуваат и во повеќе општини во државата и во скопските општини каде власта доби јасен црвен картон од граѓаните, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

10 Мај 2019 - 15:22

Апелираме до Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори и разгледа уште еден случај за давање согласност за долготраен закуп на градежно земјиште на фирмата МХЕ „Падалишка" ДОО Скопје, хидроцентрала во која повторно се јавува како сопственик Кочо Анѓушев и неговиот брат Тодор Анѓушев, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

10 Мај 2019 - 15:08

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе