За внатрепартиските избори на 21 март

Зоран Заев e единствен кандидат за нов претседател на СДСМ

СДСМ соопшти дека Зоран Заев е единствен кандидат за нов партиски претседател и дека над 80.000 членови со право на глас ќе може да гласаат на првите непосредни внатрепартиски избори на 21 март.

Централната изборна комисија вчера одржала седница на која биле потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ, согласно со Правилникот за критириумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ.

„Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев. Првите непосредни, внатрепартиски избори ќе се одржат на 21 март. Над 80.000 членови со право на глас ќе можат да гласаат за новиот претседател на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение.

Претходно беше отворен јавен повик за поднесување кандидатури за претседател на кој, наведува СДСМ, можеше да се пријави секој член кој ги исполнува условите согласно Правилникот.

„Со овој крупен исчекор кон демократизација и модернизирање на партијата, СДСМ поставува нови стандарди во политичкото дејствување во државата, што ќе придонесе и за демократизација на целото општество. Токму затоа СДСМ ја ужива довербата од граѓаните, токму затоа победува, но и постојано се менува, за уште подобро да им служи на граѓаните и државата“, соопшти СДСМ.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе