Застарените дела да не служат како можност за одбегнување на одговорноста, порачува Алијансата за Албанците

Неодговорноста, лагите и манипулациите се идентификациски зборови на ДУИ кои сè повеќе ги придружуваат високи партиски функционери на оваа партија, велат од Алијансата за Албанците во соопштение во кое коментираат дека ова било докажано уште еднаш со тоа што осомничениот за случајот „Титаник 3”, пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, одбил да сведочи на суд.

Според партијата, по 3 години, на Ејуп Алими му текнува дека не треба да биде повикан како осомничен, туку како сведок. 

„Ова само докажува дека Ејуп Алим дошол до оваа идеја како начин за избегнување на одговорноста и одолговлекување на случајот. Ние како Алијанса за Албанците бараме од судските органи да реагираат и да не дозволат овој случај или, пак, кој било друг случај во кој се гонат поранешни државни функционери да застари, како што беше случајот со предметот ‘Траекторија’, од кој се спаси поранешниот премиер Никола Груевски“, пишува во соопштението од Алијансата за Албанците.

Оттаму додаваат дека застарувањето е многу важен правен институт што спречува гонење, како и извршување на кривични санкции по одреден временски период, затоа треба да се спречи неговата употреба како можност за избегнување од одговорност.

„Затоа, јавно го прашуваме Ејуп Алим, зошто тој порано не се сети дека беше повикан како осомничен, а не сведок?! Избегнувањето на одговорноста може да ја спречат само судските органи, кои се должни да постапат по секој случај непристрасно и сериозно, спречувајќи ги неразумните одолговлекувања. Потсетуваме дека Ејуп Алими е обвинет за уништување изборен материјал во врска со локалните избори во 2013 година во општина Чаир, за кој случај според КЗ се предвидени најмалку 5 години затвор. Од оваа гледна точка сметаме дека случајот се одложува со единствена цел за купување време“, додаваат од партијата во соопштението.

 

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе