26 конгрес на СДСМ

Заев: Парите наместо во барок и споменици ги насочивме кон проекти важни за граѓаните

На 1 јуни 2017 со конституирањето на новата коалициска Влада предводена од СДСМ почна ново, светло поглавје во македонската историја, во првите 100 дена од мандатот ги поставивме контурите на политиките на оваа Влада на граѓаните за која зборо е збор, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев во своето обраќање на 26. партиски конгрес.

Концептот „парите назад кај граѓаните“ за Заев е првиот успех на СДСМ, но и првата суштинска разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партија која 11 години парите на граѓаните ги трошеше на барок и споменици и завршувале кај неколкумина од тогашниот режим.

„Го реализиравме концептот „парите назад кај граѓаните“ ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, а денес таа изнесува 15.200 денари. Платите почнаа да растат во сите сектори, просечната плата константно расте до денеска и стигна до над 28.000 денари. Ги покачивме пензиите, ја зголемивме социјалната помош за 300%, го решивме проблемот со стечајците, а невработеноста ја намаливме на рекордно најниски стапки од независноста до сега. Земјоделието и земјоделците ги поддржавме со рекордно највисоки 429 милиони евра. Немало подобри откупни цени и немало повисоки субвенции до сега. Ја укинавме радиодифузната такса, воведовме евтина дневна тарифа на струјата и поврат на дел од ДДВ-то за физички лица. Наместо на барок, споменици и криминални тендери, парите ги насочивме кон проекти важни за граѓаните.

Изградивме и обновивме преку 500 километри патишта. Обезбедивме историски највисок износ од 950 милиони евра странски инвестиции во 2018 и 2019 година. Но, во исто време силно ги поддржавме и домашните инвеститори со над 100 милиони евра државна помош. Денеска може да кажеме дека „парите кај граѓаните” е првиот наш заеднички успех, почитувани другарки и другари. Но и првата суштина разлика помеѓу нас и ВМРO-ДПМНЕ , затоа што цели 11 години парите завршуваа кај неколкумина во власта, во барок, споменици и криминални тендери“, порача претседателот на СДСМ Заев во своето обраќање.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе