СДСМ

Заев од Гостивар: Членство во НАТО, ја обезбедивме државата

Успеавме да оствариме стратешка, национална, државна и децениска цел, челнство во НАТО. Тоа значи траен мир, стабилност, сигурна иднина, инвестиции. Овие политики немаат алтернатива. Затоа бараме поддршка и вечерва во Гостивар бараме поддршка за концептот на прав пат, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната граѓанска трибина во Гостивар.

„Франција го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО, остана уште само Шпанија и ете не, конечно во НАТО.  Изборите во Шпанија завршија, објавена е владејачка коалиција, на 3 декември ќе се конституира Собранието, кон средината на декември Владата и очекуваме веќе на почеток на следната година, од јануари да бидеме полноправна членка на НАТО“, рече Заев.

НАТО значи мир, никогаш повеќе војна и конфликти, со НАТО ја обезбедивме целовитоста на државата, посочи Заев додвајќи дека исторската грешка на ЕУ ќе биде наскоро поправена затоа што таа не е одржлива, затоа што сторивме се што беше потребно и затоа што заслуживме.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе