Средба на премиерот со евроамбасадорот

Заев-Гир: Да продолжат напорите за почеток на преговорите со ЕУ

Треба да се направат сите напори за операционализирање на историската одлука на Европската Унија за отворање преговори со Северна Македонија, со цел одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на 2020 година за време на германското претседателство со ЕУ, се согласија премиерот Зоран Заев и евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната работна средба во Скопје, се вели во владиното соопштение.

Премиерот Заев, како што се информира, подвлече дека Владата е цврсто посветена на својата агенда за интеграција во Европската Унија, што е стратегиска цел на земјата, при што додаде дека заклучоците на Советот на ЕУ од март 2020 година, потврдија дека земјата е подготвена да ги отвори пристапните преговори со ЕУ.

Амбасадорот Гир ја истакнал важноста на постојаните напори за решавање на отворените билатерални прашања и ја поздрави заложбата на Владата да продолжи да напредува во спроведувањето на реформите поврзани со Европската Унија, кои пред сѐ, се во интерес на сите граѓани, но и важни за приближување на Северна Македонија кон ЕУ.

Што се однесува до пандемијата, амбасадорот Гир потсети на сеопфатната поддршка што ЕУ и ја дава на Северна Македонија во областа на здравствената заштита и макрофинансиската поддршка и заштитата на работните места, а премиерот Заев му се заблагодари за помошта, се наведува во соопштението.

Меѓу другото, беше разговарано и за резултатот од Самитот на Берлинскиот процес, на кој Северна Македонија беше ко-домаќин со Бугарија на 10 ноември.

Амбасадорот ги поздрави преземените обврски за воспоставување заеднички регионален пазар заснован на принципите на единствениот пазар на ЕУ – слобода на движење на капитал, стоки, лица и услуги, при што беше истакнато дека овие активности ветуваат значителни придобивки, кои ќе произлезат од поголема интеграција во рамките на Западен Балкан и во ЕУ.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе