Реакција од Иницијативата за вонреден конгрес

„Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе има, партијата не е хидроцентрала на Мицкоски”

Mафија што му служи на Заев се оние кои му глумат статисти на избори и ги бројат поразите одбивајќи да понесат било каква одговорност, реагираат од Иницијативата за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното обраќање на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

„Mафија што му служи на Заев се оние кои ја растураат ВМРО-ДПМНЕ и не дозволуваат промени, форсирајќи политика која што ги оддалечува гласачите од партијата. Мафија што му служи на Заев се оние кои не мрднаа со мал прст за да ги заштитат членовите на партијата, кои се жртви на политички прогон.

Мафија што му служи на Заев се оние за кои беа објавувани информации за сомнително стекнати хидроцентрали, но институциите за кои се тврди дека се под влијание на Заев, одлучија да не ги чепкаат”, пишува во реакцијата.

Оттаму уште додаваат дека мафија што му служи на Заев се оние кои со непотизам се стекнале со звања на факултети, но повторно институциите за кои се тврди дека се под влијание на Заев ги прикриваат.

„Мафија што му служи на Заев се оние кои што државните пари за предизборно рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ ги делеле по портали кои никој не ги чул ниту видел. Мафија што му служи на Заев се оние кои одат по теретани и кафеани, ангажираат полиција, фрлаат снимки од камери по буриња за време на корона рестрикции, но институциите за кои се вели дека се под контрола на Заев ги амнестираат. Додека едни членови на ВМРО-ДПМНЕ добиваат притвори и затворски казни од судовите и обвинителствата, други добиваат ослободување од кривичен прогон”, велат од Иницијативата.

Според нив, сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски е во паника и губи глас кога треба да изглуми некаква загриженост. 

„Мицкоски е прочитан. Тој нема капацитет да го поведе членството и народот. Ваков Мицкоски му одговара на СДСМ и Заев да биде доживотен претседател. Единствен излез од целосно разнебитување на партијата е одржување на нов вонреден конгрес. Вонреден конгрес ќе има бидејќи партијата не е хидроцентрала на Мицкоски.

Или ВМРО-ДПМНЕ или Христијан Мицкоски”, порачуваат партиските членови од Иницијативата за вонреден конгрес.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе