Реакција

Во учебниците да се додаде „тогашниот” пред бугарски фашистички окупатор, предлагаат Евреите во Македонија

Еврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија не се согласуваат со намерата за бришење на етничката припадност во формулацијата „бугарски фашистички окупатор”, и велат дека наместо бришење на терминот „бугарски” би требало да се додадат термините „тогашен” и „власт” и секоја формулација на настаните од Втората светска војна поврзани со бугарскиот окупатор би се именувале како „тогашните бугарски фашистички окупаторски власти”.

Во заедничката реакција додаваат дека бришењето на терминот за етничка припадност значи „искривување на историската вистина”.

Нивната реакција, како што велат, се базира на фактите дека денешна Република Северна Македонија за време на Втората светска војна била поделена на две окупирани зони – Западна Македонија окупирана од Италија и Централна и Источна од Царска Бугарија, во кој дел живееле Евреите, како и дека тие „биле депортирани од страна на бугарскиот окупатор, а не од италијанскиот окупатор”.

„За да не дојде до погрешно учење на историјата потребно е дообјаснување кое ќе ги задоволи сите засегнати страни кои се погодени со историските случувања. Тоа значи наместо бришење на ‘бугарски’ да се додадат термините ‘тогашен’ и ‘власт’ и секоја формулација на настаните од Втората светска војна поврзани со бугарскиот окупатор, би се именувале како ‘тогашните бугарски фашистички окупаторски власти’”, наведуваат Еврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Тие сметаат дека денешната модерна и демократска Бугарија, треба да го апсолвира фактот со своето минато дека била дел од Оската и директно учествувала во холокаустот на Евреите.

Според нив, за да ги изземе сегашните генерации и да ги ослободи од товарот на минатото, потребно е Софија јавно да се извини „за постапките на Царска Бугарија, за окупацијата и депортацијата на Евреите од денешна Северна Македонија”.

„Ова наше барање се провлекува години наназад и наместо да биде финализирано, се повеќе се продлабочува. Се надеваме дека нема да дојде време кога ќе се побара од нас Евреите, кои со векови живееме на овие простори да ја избришеме колективната меморија за постапките на тогашните бугарски фашистички окупаторски власти”, се додава во заедничката реакција на Еврејска верска заедница и Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе