ВМРО-НП: Владата редовно да си ги плаќа обврските кон фирмите

Во отсуство на сѐ уште дефинирани мерки за економска помош, ги повикуваме министрите во Владата на Македонија редовно да си ги плаќаат обврските и долговите кон фирмите. На тој начин ќе овозможат базичниот принцип на економијата да не застане, соопшти ВМРО-Народна партија.

„Плаќањето на веќе договорените и извршените работи од страна на фирмите ќе овозможи фирмите да ги исплатат платите кон вработените и повторно преку плаќање на даноци да ги вратат парите назад во буџетот.

Во таа насока посебно го повикуваме Министерството за финансии кое треба перманентно да ги координира министерствата и да врши дополнителен притисок за исплата на веќе пристигнатите обврски“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе