ВМРО-НП по враќањето на Георгиевски од Софија: Работата на историската комисија ќе се интензивира за да не дојде до блокада во ЕУ

Љубчо Георгиевски, претседателот на ВМРО-Народна партија, во Софијасе обиде да го објасни неговото мислење и позиција дека сепак во македонско-бугарските односи има напредок и стави посебен акцент на работата на заедничката историска комисија која и покрај тоа што можеби не работи со идеално темпо сепак има направено големо поместување напред што треба да биде позитивно оценето од страна на нашите соседи, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Красимир Каракачанов и со генералниот секретар во кабинетот на престедателот Румен Радев, Димитар Стојанов, а притоа имаше интервјуа и настапи за повеќе медиуми.

„Од страна на соговорниците беше потенцирано дека тие не бараат нова промена на Уставот на Македонија, дека не бараат нов посебен договор, но инсистираат на спроведување со јасно темпо на досега договореното помеѓу двете држави, со посебен акцент на историската комисија.

Притоа на крајот се заклучи дека во наредниот период ќе се интензивира работата за да не дојде до ставање вето на патот на Македонија кон Европската Унија“, соопшти ВМРО-НП.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе